витамин Б-50

Д-р Нела Деспoтовска советува: Витамините B-50 помагаат при стрес, замор и недостаток на енергија

Современиот начин на живот и брзото темпо, доведуваат до стрес, замор и недостаток на енергија. Тоа често се поврзува со недостаток на Б витамините, кои при вакви состојби се потребни во поголеми количини. Што е витаминскиот комплекс B-50, за кого се препорачува и како се користи? – Ви откриваме од нашиот разговор со Д-р Нела Деспoтовска. 

велигденски козињак (милиброд)

Совети и препораки за најдобар велигденски козињак (милиброд)

Карактеристичната златно-кафеава боја повикува да каснеш уште едно парче, нели? А, кои се тајните на совршениот велигденски козињак? – Разговаравме со повеќе искусни домаќинки, па еве некои совети и препораки за подготовка на најдобар велигденски козињак!

6 лековити билки кои навистина делуваат

Постои една стара народна поговорка која вели: „Едно растение расте за секоја болест.“ Иако е претенциозно да се каже такво нешто, повеќето стари народни поговорки не се далеку од вистината. Лековитите својства на растенијата се познати уште од античко време. Луѓето често користеле лековити билки за превенција и лекување на болести.

емотивен глад

Емотивен глад – што треба да знаете?

Дали секогаш кога имате тежок ден на работа или расправија со партнерот посегнувате по нешто слатко? Дали по сто пати на ден го отворате фрижидерот без да чувствувате глад? Ако одговорот е Да, тогаш продолжете да читате, затоа што можеби и вие страдате од т.н. емотивен глад.

Хормоналната рамнотежа е клучот за здравје и виталност на жената

Хормоналната рамнотежа е клучот за здравје и виталност на жената, a и огледало на животниот стил. Токму затоа, здравјето на жените денес е сè повеќе насочено кон спречување на предвремено стареење, продолжување на животот и спречување на болести преку балансирање на хормоните. Во продолжение на текстот дознајте зошто е тоа така.

Рак на грлото на матката - причини, симптоми и превенција

Д-р Нела Деспотовска советува: Како да се превенира рак на грлото на матката и што може да помогне?

Месец март го посветуваме на жената и женското здравје! Овој пат со Д-р Нела Десптовска поразговаравме на тема – рак на грлото на матката. Раното откривање на болеста ја зголемува успешноста на лекувањето и овозможува зачувување на плодноста! Ракот на грлото на матката е еден од најчестите видови рак кој ги зафаќа женските полови органи. Речиси 600.000 нови случаи на рак на грлото на матката се дијагностицираат секоја година, а секоја минута, на една жена во светот и се дијагностицира овој карцином. 

Во рерна или на скара – печено свинско месо со совршен вкус

Собери го семејство и изненади го со твоите кулинарски способности. Направи совршено печено свинско месо како вистински професионалец. А дали на скара или во рерна, изборот е твој!

Д-р Нела Деспотовска советува: 7 методи за справување со пневмонија како последица од зимски респираторни инфекции!

Пневмонијата е воспалителна состојба предизвикана од вирусна, габична или бактериска инфекција која стигнува дури до алвеолите на белите дробови. Алвеолите се ситни воздушни кесички во белите дробови кои за време на воспалението се полнат со течност или гној, што доведува до тешко или болно дишење. Одредени лесно применливи методи во домашни услови, може да помогнат во ублажувањето на симптомите на пневмонија и да го забрзаат процесот на закрепнување.

Д-р Нела Деспотовска советува: Што може да помогне при испукана кожа на прстите и рацете?

Кожата во зима повеќе ти се суши, а понекогаш и пука? Црвенилото и болката околу испуканото место ти прават непријатности? Имаш пробано да користиш кремови за раце, но не ти помагаат? – Имаме неколку супер совети од Д-р Нела Деспотовска кои мора да ги прочиташ. А што ако ти кажеме дека сувата и испукана кожа на прстите може да е предизвикано од недостаток на витамини во зимскиот период? Си размилсувал за тоа? – Ајде да почнеме!

Гликемски индекс - дм мала

Гликемиски индекс и волумен на калориите: зошто е важно да ги знаеме овие поими?

На оваа тема, која може да придонесе да си ја подобрите здравствената состојба, нутриционистката Симона Коруновска и dm споделуваат добри и ефикасни совети.

Прва помош при настинка

7 препораки за прва помош при настинка

Кога станува збор за настинка и мислиме дека сѐ ни е познато, верувајте, секогаш има нешто ново што може да се прочита, дознае и научи. Овој текст има баш таква намена, да ве потсети и упати на некои едноставни, но навистина корисни препораки за прва помош при настинка. Препорачуваме да прочитате до крај, а ако имате ваши испробани совети радо ќе ве очекуваме да ни ги споделите вашите искуства. 

Откријте како да се исхранувате балансирано и да не се откажувате од здравите навики

Одржување рамнотежа во исхраната за организмот е најкорисно на краток, но и на долг рок, а на оваа тема совети споделува нутриционистката Симона Коруновска во соработка со dm.

сочно пржено свинско месо

8 совети за подготовка на сочно пржено свинско месо

Обожавате свинско месо? Често го приготвувате, но никако да ги постигнете посакуваните резултати? – Не гриже те се! Прочитајте ги најдобрите кулинарски трикови за подготовка на сочно пржено свинско месо, кои ќе ви помогнат да станете вистински експерт или ако сте, пишете ни и споделете некој совет плус со нас, ќе ни биде драго. 

7 начини за поддршка на здравјето на матката и зголемена плодност

6 начини за поддршка на здравјето на матката и зголемена плодност

Грижата за сопственото тело треба да биде приоритет за секоја жена! Но, сведоци сме дека честопати жените го занемаруваат тоа, не обрнувајќи внимание на сигналите што им ги испраќа телото. Затоа, од особена важност се редовните прегледи со цел да се преземат чекори за да се заштиме од инфекции и повреди и да се спречат одредени долгорочни здравствени проблеми.  Па, без разлика дали веќе планирате семејство или сѐ уште не сте размислувале за тоа, ви препорачуваме активен живот, здрав начин на исхрана, помалку штетни навики и редовна посета на гинеколог. Во продолжение, ви откриваме 6 лесни начини за поддршка на здравјето на матката и зголемена плодност.

Често ја забораваме, но водата има огромно влијание врз нашиот организам

Често ја забораваме, но водата има огромно влијание врз нашиот организам

Многумина од нас водата ја третираат како течност без некакво значење, а вистината е дека нејзината вредност за нас е огромна, што го потврдува и нутриционистката Симона Коруновска во соработката со dm