Спанаќ – вкусна храна достапна за секое семејство

Спанаќот е одлична храна, достапна за секое семејство и еден од најпопуларните зелени листести зеленчуци. Можноста да се купи во секој период од годината овозможува негово максимално користење во разни специјалитети, а со тоа нашиот организам постојано ја ужива неговата здравствена корист. 

Спанаќот претставува темно-зелен листест зеленчук кој потекнува од Југоисточна Азија. Како храна и извор на голем број хранливи материи, со векови наназад се користи во Азија додека во Европа започнал да се одгледува во осмиот век од нашата ера. На нашите пазари и во светот може да се најде преку целата година и тоа во конзервирана, замрзната и свежа состојба. Спанаќот се користи и се припрема на голем број начини, па како храна е популарен во многу делови од светот.

спанаќ

Здравствени придобивки од спанаќот

Спанаќот содржи холин и инозитол, а тоа се супстанции кои помагаат во спречување на артериосклероза или појава на задебелување и стврднување на ѕидовите на артериите. Помага во стабилизирањето на нивото на шеќер во крвта, што е посебно важно за дијабетичарите. При тоа, може да направите пијалак од неколку раце спанаќ и 3 чаши вода. Ставете ги во огноотпорен сад и варете на слаб оган околу еден час, а потоа процедете. Така процеден, пијалакот можете да го консумирате два пати дневно по половина шолја.

Спанаќот содржи и голема количина на флавоноиди кои служат како антиоксиданси и придонесуваат во спречување на рак, а каротеноидите во неговиот состав помагаат во борбата за справување со ракот. Извор е на голема количина на витамините C и А, што го прави да биде познат како зеленчук против стареење. Тој е добар извор е на витамин К и на тој начин помага во процесот на правилно згрутчување на крвта.

Сето ова ни укажува дека спанаќот како зеленчук треба почесто да биде дел од нашата исхрана, бидејќи е многу корисен, содржи голем број на хранливи материи, овозможува здравствена корист, а пред сѐ е вкусна храна која е достапна за секое семејство.

Сподели: