спирулина пацифика

Hawaiian Spirulina е кралица на алгите и супер храна за долг живот

Претходно сме пишувале за нутритивните и лековитите својства на Hawaiian Spirulina, а сега ќе ве запознаеме со нови и многу корисни информации. Hawaiian Spirulina се нарекува кралица на алгите од повеќе причини. Таа го прочистува и храни телото, балансира и дава поголема енергија, зајакнува и заштитува, обновува и подмладува. А што е уште поважно, нејзиното дејство е докажано и можеме да го потврдиме и ние од искуство.

Што е Спирулина?

Спирулината, микроскопска модро-зелена алга се појавува на планетава пред 3,6 милијарди години. Таа е едноставна алга, што е создадена директно од интеракцијата на сончевата светлина и водата и е најконцентрирана форма на природна храна. Спирулината е неверојатен извор на храна, која што е консумирана најразлично низ историјата од многу човечки култури.

spirulina pacifica

Како се одгледува?

Hawaiian Spirulina се одгледува на Хаваи во најмодерните водени фарми на светот. Со употреба на свежа и океанска вода, на најсончевата локација, чиста околина и најнапредни методи на одгледување, научниците успеаја да развијат супериорен вид на 100% чиста и култивирана Hawaiian Spirulina со највисоки нивоа на мешани каротеноиди од било која друга спирулина во светот.

Хранливи вредности на Hawaiian Spirulina

Hawaiian Spirulina е најхранливата, најконцентрираната комплетна, делотворна и ефикасна храна и извор на:

  • протеини (60-70 %)
  • сите 10 хранливи есенцијални амино киселини (вкупно 20 амино киселини, во синергетска рамнотежа)
  • Б12 (најбогат извор на човечки активен Б12)
  • бета-каротен и мешани каротеноиди (извонредно високи природни концентрации)
  • целосен спектар на антиоксиданси (од фитонутриенти, пигменти и природни витамини)
  • фикоцијанин (највисока концентрација на овој моќен, син, имуно-стимулативен протеин)
  • гама лионоленска киселина (единствен природен извор покрај мајчиното млеко)
  • rhamnose (редок, биолошко активен шеќер, кој помага хранливите материи да ја поминат крвно-мозочната бариера и да стигнат до клетките)
  • гликоген (единствен растителен извор на готова гликоза во складирана енергетска форма)
  • есенцијални масни киселини (најпотребните омега 3 и 6 есенцијални масни киселини)
  • хлорофил (темно-зелен градител на крвта)
  • целосен спектар на витамини (повеќе од било која друга поединечна храна, во балансирани количини)
  • океански извор на минерали и разноликост на елементи во траг (преку 90 минерали во целост)
  • СОД (извонредно високо ниво на антиоксидантниот ензим, superoxide dismutase)
  • не содржи холестерол и скроб.

Може да ве интересира: Hawaiian Spirulina – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!

Што велат истражувањата зa спирулината?

После милениуми човечко консумирање и декади на интензивни научни истражувања, се потврдува не само сигурноста на спирулината, туку и нејзините полезности за нашето здравје. Организацијата на ОН ФАО ја прогласи спирулината за „најдобра храна на иднината” и дојде до резултати дека е сигурна, нетоксична храна, и „ја препорача како можно решение за светската криза за храна и глобалниот недостиг на протеини”. НАСА има направено обемни истражувања за употребата на алгите како храна за вселенските патувања, и ја избра спирулината меѓу 1 300 вида на модро-зелени алги.

Фантастичните резултати на овие истражувања – зголемена енергија, ментална бистрина, добар сон, комплетно излекување, заедно со импресивната медицинска документација, докажуваат дека спирулината е комплетна супер храна. Сигурната употреба, нутритивната моќ и здравствените полезности на употребата на спирулина се историски, а не реторички.

Земањето Hawaiian Spirulina како храна, навистина може да го промени Вашиот живот. Hawaiian Spirulina прочистува и храни, балансира и дава поголема енергија, зајакнува и заштитува, обновува и подмладува. Содржи се што ви е потребно за здрав живот, повеќе од било кој друг протеин, житарка, растение, алга, билка, витамин.

Покрај наведените придобивки, прочитајте ги 10-те докажани причини за да консумирате спирулина.

Hawaiian Spirulina ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во паковања со различни големини, од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прав. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да ги нарачате директно на ваша адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

А доколку имате прашања во врска со консумирањето на Hawaiian Spirulina, слободно пратете ни меил на: info@sezahrana.mk.

*Комерцијален текст

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: За кого е наменета спирулината? Кој сè може да ја користи?

Сподели: