Spirulina pacifica - најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото 1

Spirulina pacifica – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!

Spirulina Pacifica не е лек, туку храна, а со своите состојки е најхранлива намирница на светот! Оваа микроалга содржи извонредна комбинација на бета-каротен, хлорофил, витамини од Б групата, комплетни протеини, ГЛК и изобилство од минерали и ензими. Листата на нејзините корисни состојки и дејства е навистина долга!

Ги содржи сите есенцијални амино киселини и 28 пати повеќе нетоксично биолошко железо отколку говедскиот црн дроб и 23 пати повеќе од спанаќот, 3 пати повеќе витамин Е од пченичните ‘ркулци, 5 пати повеќе калциум отколку млекото, 4 пати повеќе протеин, споредено со тофу сирењето од соја и 25 пати повеќе бета-каротен од морковот.

Spirulina pacifica - најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото 2

Spirulina Pacifika содржи двојно повеќе ензими кои се катализатори на хемиските процеси. Тоа е пред се СОД (супер оксид дисмутаза) кој игра важна улога во врзувањето на слободните радикали со што се забавува процесот на стареење.

За разлика од другите високо протеински храни, алгата Spirulina Pacifica е 95% искористлива. Претставува природен извор на висококвалитетни растителни протеини (60-65%), без маснотии и холестерол, кој го спречува чувството на глад надополнувајќи ја потребата на организмот со хранливи материи.  Во својот состав содржи извонредно големи количини на фитонутриенти. Toa сe состојки кои се присутни во мали количини, но се многу важни за добро функционирање на човековиот организам. Во 6 таблети, односно во 3 грама Spirulina Pacifica, се содржат повеќе антиоксиданти отколку во 5 оброци на зеленчук. Карактеристиката на оваа алга е градбата на нејзината клеточна структура која се состои од многу тенок слој на сложени природни шеќери кои лесно се топат во вода и урамнотежени протеини со пропорционален однос на сите 8 есенцијални и 10 неесенцијални амино киселини.

Поради сето ова Spirulina Pacifica ја нарекуваат СУПЕР храна и НАСА ја користи оваа алга во вселенските експедиции. Истата се одгледува и обработува во идеални климатски услови на недопрениот брег на Хавајскиот остров Кона.

Спирулината е производ со голема моќ на прочистување истиснувајќи ги токсините од нашето тело

Со внесувањето на спирулината во организмот, му помагате на повеќе начини, а еден од нив е преку нејзиното антиоксидантно дејство. Храната богата со антиоксиданти го спречува негативното влијание на слободните радикали во нашето тело. Антиоксидантите штитат од прерано стареење, појава на канцер, срцеви болести, реуматиден артритис, различни дегенеративи заболувања (Алцхајмер, Паркинсонова болест, мултиплекс склероза, церебрална парализа), па дури и од прекумерна тежина.

Претставува виножито од природни пигменти:

  • синиот пигмент е фикоцианинот – антиоксидант кој е извонредно корисен за црниот дроб и бубрезите,
  • зелен пигмент кој го дава хлорофилот – антитоксин кој ги извлекува отровите и тешките метали од телото и помага во превенцијата од рак,
  • жолтиот пигмент се добива од зеаксантин – одличен е за очите,
  • портокаловиот пигмент кој потекнува од бета-каротенот го засилува имунитетот и позитивно влијае на очите и кожата.

Spirulina Pacifica поседува антивирусно дејство, го намалува нивото на холестерол и шеќер во крвта, помага во развојот на корисните бактерии во дигестивниот систем, го чисти телото од тешки метали.

Spirulina pacifica можете да ја набавите во сите поголеми аптеки во Македонија во форма на 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг како и во форма на прав од 141гр. Исто така, можете да ја нарачате и online на страницата на Тримекс. Можностите се широки, а користа од неа ни е проверена. Природно и добро за здравјето!

Ви препорачуваме да прочитате: 10 докажани причини за да консумирате спирулина.

Сподели: