Spirulina pacifica - микро алга и макро благодет 1

Spirulina pacifica – микро алга и макро благодет

Spirulina Pacifica е најбогатиот и најкомплетен извор на додаток во исхраната. Оваа модро-зелена алга зачудува многу нутритивни експерти, а тоа се должи на нејзината разновидност од основните нутриенти: растителни протеини, каротени, хлорофил и фикоцијанин, биоактивен Б12, гама линоленска киселина и минерали. Освен тоа, безцелулозниот клеточен ѕид на Spirulina Pacifica е високо сварлив и нутриентите лесно се абсорбираат.

Таа е сѐ во едно

Spirulina Pacifica содржи, во концентрирана форма, се што е потребно за здраво тело и јасен разум. Таа е толку комплетна што можете да живеете на Spirulina Pacifica и вода со недели, секако дополнето со малку зеленчук и овошје.

Spirulina pacifica - микро алга и макро благодет 2

Ви откриваме нешто повеќе за компатибилноста на нејзиниот состав

Моќта на Spirulina Pacifica не се должи само на бројните поединечни важни супстанции кои ги содржи, туку на компатибилноста помеѓу нив. Тоа значи, заедничко делување и надополнување на сите природни супстанци во составот на Spirulina Pacifica, што е одлично, зашто во организмот се создава многу поголем ефект од збирот на поединечните компоненти.

Оваа микро алга е истовремено активна на 3 начини

Неправилната исхрана, недостатокот од вежбање, пушењето, пиењето алкохол и стресот, создаваат штетни продукти во нашите тела, предизвикувајќи да се чувствуваме уморни и млитави.

Spirulina Pacifica брзо ве враќа на ,,врвот”. Таа дејствува истовремено на 3 нивоа:

  1. Го помага природниот процес на телесно чистење. Ќе се чувствувате поспремни, повесели и ќе имате повеќе енергија.
  2. Ги надоместува недостатоците во исхраната и го стимулира метаболизмот. Вашата физичка кондиција забележително се подобрува и брзо се враќате во форма.
  3. Ја зголемува отпорноста и го активира природниот телесен одбранбен механизам. Ќе се почувствувате посилни и поспособни за борба со притисоците на секојдневниот живот.

Поради нејзините функции на прочистување, обновување и зајакнување, Spirulina Pacifica има широк опсег на примени. Ви дава нова енергија и ве прави поспремни и постабилни за сите обврски во денот и животот.

Делува исто како „главна поправка” на вашето тело

Spirulina Pacifica го има истиот ефект на Вашето тело како што е главната поправка на вашиот автомобил. Моторот е исчистен, свеќичките се исправни, маслото е обновено, сѐ е добро подмачкано. Потоа автомобилот побрзо развива брзина, полесно се менуваат брзините и троши помалку гориво. И сето тоа со истиот мотор! Дали водите грижа за сопственото здравје како што водите грижа за својот автомобил? Дали му правите на вашето тело „главна поправка” толку често со доволно одмор и релаксација? Дали вашето тело го добива истото високо квалитетно гориво, на пр. во форма на свеж зеленчук и овошје?

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: За кого е наменета спирулината? Кој сè може да ја користи?

Чиста сончева енергија и изобилие на полезности

Spirulina Pacifica ги помага природните процеси на прочистување, ја зголемува отпорноста и виталноста. Идеална е против замор, за оздравување, при напорно вежбање и подобро вршење на работата, спортот и учењето. Ви дава повеќе енергија, ја зголемува вашата издржливост и го забрзува опоравувањето по болест. Spirulina Pacifica е природна помош при слабеење, за време на менструација и менопауза и за време и по бременост. Истовремено, делува за здрава кожа, поцврста коса и појаки нокти.

Хавајски квалитет, вие и самите ќе ја почувствувате разликата!

Spirulina Pacifica од Nutrex е единствена во светот која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Испитувањата правени во изминатите 10 години. со Spirulina Pacifica покажуваат дека во неа нема присуство на пестициди. Единствено хавајската Spirulina Pacifica се суши со патентиран метод, наречен „Метод на океанско ладно сушење“. Овој метод, комбиниран со ладното компримирање на таблетите без додатоци на масти и без топлинска обработка, како и стаклената амбалажа, обезбедуваат супериорен бета каротенски производ.

Природата едноставно има повеќе вештина од хемичарот!

Земањето Spirulina Pacifica како храна, навистина може да го промени Вашиот живот. Spirulina Pacifica прочистува и храни, балансира и дава поголема енергија, зајакнува и заштитува, обновува и подмладува. Содржи се што ви е потребно за здрав живот, повеќе од било кој друг протеин, житарка, растение, алга, билка, витамин. Па, покрај наведените корисни информации, ви препорачуваме да прочитате и Spirulina pacifica – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!

Spirulina pacifica ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во паковања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прашок. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да ги нарачате директно на ваша адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

А доколку имате прашања во врска со консумирањето на Spirulina Pacifica, слободно пратете ни меил на: info@sezahrana.mk.

*Комерцијален текст

Ви препорачуваме да прочитате: Spirulina pacifica е кралица на алгите и супер храна за долг живот.

Сподели: