забоболка домашни лекови

Спречете силна забоболка со 10 домашни лекови

Секој кој барем еднаш во животот страдал од забоболка, многу добро знае дека не е лесно да се истрпи, а освен тоа болката не се чувствува само во устата, туку многу често може да се пренесе и на другите делови од телото.  Ви предлагаме да ги пробате овие 10 домашни лекови.

Иако во повеќето случаеви, само стоматолог може да го реши проблемот на пациентот со забоболка, постојат неколку домашни лекови кои ефективно влијаат и помагаат да се спречи зголемување на интензитетот, како и во извесна мера да се ублажи болката.

забоболка домашни лекови

Листата на домашни лекови против забоболка е следната:

Солена вода

Во мала чаша со топла вода додајте една лажица сол. Ставете ја во устата, чувајте ја што е можно подолго и на крај плукнете. Повторете ако е потребно.

Хидроген пероксид

Ставете малку хидроген пероксид во устата и промешајте. Ако вкусот е неподнослив се разредува со вода.

Алкохол

Виски, коњак, ракија или вотка можат да бидат корисни. Ставете во устата било кој од овие пијалаци, исплакнете и плукнете (но не голтајте).

Екстракт од ванила

Натопете памук со малку екстракт од ванила и поминете на болното место. Постојат и други екстрати кои го имаат истиот ефект, како екстракт од лимон, нане и бадем.

Масло од чајно дрво

Додадете неколку капки масло во млака чаша вода и со добиената смеса исплакнете ја устата.

Јаболков оцет

Натопете памук со јаболков оцет и нанесете на болното место.

Лук

Источете едно чешне лук и ставете го на болното место (ставете го помеѓу болниот заб и образот). Треба да знаете дека не е погрешно ако на лукот ставите малку сол.

Листови од нане

Изџвакајте свежи листови од нане. Доколку немате свежо, нанесете суво нане на болното место.

Сода бикарбона

Натопете памук со малку вода и сода бикарбона, па нанесете го на болното место. Исто така, може да направите течност за плакнење на устата. Во мала чаша топла вода додадете една лажица сода бикарбона и исплакнете.

Тегавец

Исто како и со нането, потребно е да ги џвакате листовите од свеж тегавец. Откако ќе го изџвакате, нанесете го на болното место и оставете го да отстои извесно време додека намали болката.

Важно е да се напомене дека ако имате забоболка тогаш постои причина за тоа, па најдобро е да се јавите кај вашиот стоматолог што е можно побрзо и покрај домашните лекови кои може да ги применувате како помош.

Сподели: