штавеј зелје

Штавеј – зелјест зеленчук кој лекува

Штавеј е зелен листест и зелјест зеленчук кој е лесно достапен на ливадите. Има голем број на здравствени придобивки за човечкиот организам, па затоа често се нарекува храна со супер својства. 

Вкусниот штавеј кој води потекло од Европа, спаѓа во групата на зелени лиснати зеленчуци, а има изглед сличен на спанаќот. Една од неговите главни состојки е оксалната киселина, која му ја дава киселоста и карактеристичниот вкус. Содржи малку калории и висок процент на вода, а како резултат на тоа спаѓа во групата на здрава храна. Некои значајни нутритивни информации и факти за штавејот се:

  • Штавејот е одличен извор на витамините А, B9 и С.
  • Штавејот е добар извор на значајните минерали како калиум, магнезиум, натриум, железо и калциум.
  • Бидејќи е богат со окласна киселина, штавејот не е идеален избор за лица кои имаат проблеми со реума, камчиња на мочниот меур и бубрезите.
  • Штавејот има лаксативни карактеристики, па прекумерната консумација може да доведе до дијареја.
  • Има мала енергетска вредност, но значајна количина на растителни влакна.
  • Штавејот може да се користи во свежа и сува состојба, а исто така може да се пие како чај.
зелје

Истражувањата покажале дека штавејот содржи состојки кои што се ефикасни при третирање и превенирање на различни заболувања како што се канцер, висок крвен притисок, дијабетес и срцеви заболувања.

Висок крвен притисок: Експертите препорачуваат да се пие чај од штавеј за намалување на високиот крвен притисок, особено кај пациенти кои што страдаат од дијабетес тип 2. Студиите докажале дека доколку се консумира 2 до 3 чаши чај од штавеј секој ден, се намалува крвниот притисок најмалку од 7 до 14 mm hg. Истражувачите веруваат дека антоцијанидите кои што се наоѓаат во штавејот се одговорни за ефикасното намалување на високиот крвен притисок.

Канцер: Флавоноидите кои што ги содржи штавејот се корисни при одредени типови на канцер. Тие помагаат во уништувањето на клетките на канцерот и превенираат понатамошно ширење на ова заболување. Исто така флавоноидите помагаат во зајакнување на имуниот систем. Зелјестиот штавеј во светот е познато како природен лек при канцер, како резултат на присуството на оксалната киселина и хлорофилот. Многу луѓе консумираат листови од штавејот, како превентивна мерка против канцер.

Коса: Штавејот е добар природен лек за оштетена и сува коса. Широко се користи во препаратите за нега на коса. Експертите веруваат дека може да помогне при ќелавост, а исто така се препорачува при опаѓање на косата.

Други придобивки од штавејот се:

  • Листовите од штавеј помагаат при гонореа, инфекции на уринарниот тракт, скорбут и хеморагии.
  • Штавејот содржи моќни антиоксиданси кои што превенираат предвремено стареење.
  • Сувите листови помагаат при чешање на кожата и сезонски трески.
  • Чајот од штавејот е природен лек при жолтица.
  • Штавејот е природен лаксатив и помага при запек.
  • Сокот од листовите се користи за третман на чиреви и малигни тумори.

Напомена: И покрај тоа што штавејот има голем број здравствени придобивки, одредени истражувања трврдат дека е важно да се знаат можни ризици по здравјето. Според нив, еден од најголемите проблеми кои можат да настанат се болни состојки или дури можна појава на смрт, во ситуации кога штавејот се јаде во количини поголеми и од 500 грама на ден, а се смета дека можните негативни последици при обилно консумирање на штавејот се должат на високата содржина на оксална киселина, која доколку е во нормални дози покажува корисно, наместо токсично дејство. Препорачаната количина на штавеј за возрасни е 10 листови  на ден, а консумацијата кај деца, бремени жени и жени кои што дојат, според некои истражувања, пожелно е да се избегнува.

Ви предлагаме да прочитате: Брза пита со штавеј јајца и сирење.

Сподели: