Потпечени тестенини со фил од блитва 1

Потпечени тестенини со фил од блитва

Секако, зависно од сезоната, може да ги направите и со спанаќ или штавеј, како што ви е згодно и најдобро по вкус. А, ако сепак се одлучите да ја пробате оригиналната верзија на нашите потпечени тестенини со фил од блитва, сигурни сме дека ќе уживате во вкусот како и ние.

Печени вегетаријански плескавици - со семиња и без глутен 1

Печени вегетаријански плескавици – со семиња и без глутен

Здрави со семиња и оформени без глутен! Имавме разни состојки во кујната, па лесно беше да се пробуди креативноста и да се направат овие многу вкусни печени вегетаријански плескавици. Одлични се за многу режими на исхрана, а најмногу од се, погодни се и може да ги сместиме во оброците за добро здравје!

10 причини зошто да консумирате костени почесто 1

10 причини зошто да консумирате костени почесто

Има многу причини за да ги вклучите костените во исхраната! Мирисот на печени костени кој се шири по улиците и ни е добро познат, е нешто кое на сите ни годи и тоа многу. И покрај тоа што се превкусни, можеби не сите знаат за многубројните предности кои тие ги имаат по нашето здравје. Па, ви препорачуваме да ги прочитате овие 10 причини зошто е убаво да се јадат костени.

lepce bez gluten

Здраво лепче без глутен со семиња

Лидија овој пат ни приготви здраво лепче без глутен со семиња. Кој би поверувал дека за 20-тина минути може да направите нешто многу здраво и вкусно? Благодарение на овој рецепт, сега сите ќе може да уживаме во вкусот на домашното лепче без глутен.

Здрави палачинки од банана за 5 минути 1

Здрави палачинки од банана за 5 минути

Има ли такви кои бесконечно долго можат да се одречат од слатката храна!? Сигурни сме дека не! Секако, со волја и желба секој од нас може да го направи тоа за извесен период, но долготрајното добро здравје во текот на животот, подразбира здрав животен стил на долг рок. Па, со цел да овозможиме тоа да биде полесно, ви предлагаме да го пробате нашиот рецепт за здрави палачинки од банана, кои се прават за само 5 минути и се без шеќер, без глутен и без лактоза.

Брзи бомбици без шеќер и без глутен 1

Брзи бомбици без шеќер и без глутен

Ги подготвивме со мерак и со желба да се засладиме сите! Потребни ви се само 4 состојки за да направите здрави и вкусни бомбици без шеќер! Одлични за целото семејство, од најмали до највозрасни. Супер се за носење на пикник, на патување или за домашно сладење.

Нискокалорични интегрални мафини без шеќер

Нема поубав начин да се започне денот од појадок со вкусни мафини! Многумина ги избегнуваат слатките десерти, плашејќи се дека содржат многу калории, но ние имаме добра вест за сите! Заедно со нашите пријатели од SlimLine Club креиравме рецепт за нискокалорични мафини без шеќер приготвени со интегрално брашно. Ги пробавме, одлични се, за дома и за да ги понесете за секаде.

факти за авокадото 1

7 интересни факти за авокадото

Пред да започнеме со  разгледување на интересни факти за авокадото, прво да ве запрашаме. Што е авокадото, овошје или зеленчук? Многумина мислат дека е зеленчук, но всушност, авокадото е овошје! Како и да е, еве неколку интересни нешта за него.

Овесни мафини со јаболка без брашно 1

Овесни мафини со јаболка без брашно

Во денешно време кога сите се трудиме да бидеме убави и здрави колку што е можно повеќе, ваков рецепт и тоа како би ни користел. Ја обожаваме иновативноста на Клара и со голема радост го споделуваме овој интересен рецепт за овесни мафини со јаболка без брашно. Многу се сочни и вкусни, а што е најинтересно се прават без брашно.

леб без месење

Крцкав интегрален леб со маслинки без месење

Правењето леб може да биде предизвик за повеќето луѓе, но сега имаме супер рецепт кој сигурно ќе ви се допадне. Станува збор за рустичен интегрален леб со маслинки, кој е инспириран од италијанската кујна.

интергална пита со сирење

Брза интегрална пита со маслинки и сирење

Еве супер рецепт за сите љубители на пити кои се прават без месење. Ем се штеди време, ем месењето не е омилена кујнска работа. А штом станува збор за интегрална пита направена со маслинки и сирење, тоа е полн погодок.

Подготовка на здрава зимница без конзерванси

Наједноставниот и најпрактичниот начин да се сочуваат хранливите состојки и витамините од свежиот зеленчук до следната пролет е секако зимницата. Денес ќе ви претставиме подготовка на здрава зимница без конзерванси на потполно природен начин.

безквасен леб

Рецепт за безквасен леб

Желбата за консумирањето на здрава храна, понекогаш е тешко остварлива, а многу луѓе велат дека не можат ниту еден ден да поминете без благо и леб. Сте се запрашале ли, зошто некои имаат поголема потреба да внесуваат шеќери, а некои не? Во текстот кој следува ќе ви прикажеме зошто тоа е така, а ако вие сте во групата на луѓе кои секој ден имаат потреба од благо, ќе ве поттикнеме да го направите овој безквасен леб.