8 причини за да имате нане секогаш при рака

Иако најчесто нането го користиме во облик на чај, тоа е билка од која може да имаме повеќекратна корист. Прочитајте го овој текст и дознајте зошто во секоја куќа треба да се одгледува нане или пак да се имаат неколку вреќички чај.

Зошто е добро да се пие чај од анасон?

Анасонот се користел во традиционалната медицина уште во Индија, Кина и на Блискиот Исток, а денес неговата употреба е проширена низ целиот свет. Старогрчките лекари препорачувале чај од анасон на доилките со цел да имаат повеќе млеко. Важноста на ова чудесно семе е добро познато уште од античките времиња. Но, за жал ние денес малку го имаме подзаборавено, па затоа вреди да се прочита во продолжение колку е чудотворен чајот од анасон. 

Здравствени придобивки од лековитиот црн слез

Некои од најимпресивните здравствени придобивки од лековитиот црн слез се можноста за лекување на рани, заштитата против инфекции, намалување на воспалението и знаците на стареење, подобрување на здравјето на респираторниот систем, функциите на дигестивниот систем и сонот и третирање на главоболки.

магдонос

Магдонос – најпознатата зачинска билка во светот

Магдоносот е лековито растение за кое сигурно сите имаме слушнато, но најверојатно позитивните ефекти кои може да ги има врз нашето здравје се занемарени или за многумина се непознати. Покрај тоа што знаеме дека ароматичниот магдонос е одличен избор за збогатување на вкусот на нашите јадења, во понатамошниот текст дознајте и за хранливата вредност и за неговата способност позитивно да делува на нашиот организам.

кантарион

Кантарион – лек за повреди, депресија и добро варење

Лековитиот кантарион е растение кое има изразено поволно дејство врз организмот на повеќе начини. Има магична моќ да лечи многу органи и системи во телото, а нуди голем број можности за употреба. Тоа може да биде чај, масло, капки, капсули, таблети, вагиналети и слично.

рукола

Рукола – лековита билка и одлична салата

Лековитата рукола е медитеранска самониклива билка со зелени листови и по малку горчлив вкус. Во последните години многу се зборува за нејзиното корисно дејство за организмот, па употребата на руколата е се поголема.

Глуварче

Глуварче – достапен лек од природата

Глуварчето, чиј латински назив е Taraxacum officinale, што во превод значи дива салата,  претставува едно од најраспространетите и лесно достапни растенија на нашето поднебје, но малкумина знаат дека лековитото глуварче може да биде од голема корист за здравјето и составен дел од нашето мени.