Ладно цеденото масло од маслодајна репка е корисно за силен имунитет, енергија и превенција од канцер 1

Ладно цеденото масло од маслодајна репка е корисно за силен имунитет, енергија и превенција од канцер

Поради неговите хранливи состојки и нутритивни вредности, ладно цеденото масло од репка го препорачуваат сите нутриционисти. Има големата содржина на витамин Е – до 45 милиграми во 100 грама производ. А, одлично е и што ги содржи во поголема мера и омега-3, 6 и 9 есенцијалните масни киселини кои му се неопходни на организмот, затоа што самиот не може да ги синтетизира.

витамин е

Витамин Е – витамин на младоста

Витаминот Е припаѓа на групата витамини растворливи во масти. Тој е антиоксиданс и има улога да ги превенира оштетувањата на клетките во телото, а може да се најде во различна храна, масти и масла. Антиоксидансите го штитат организмот од појава на сериозни заболувања како што се срцевите болести и канцер.