ниацин

Што треба да знаете за витаминот Б3 (ниацин) – извори, придобивки, дозирање и употреба

Витаминот Б3 – ниацин (никотинска киселина) е еден од тринаесетте есенцијални витамини и е дел од Б комплексот. Тој игра значајна улога во метаболните процеси на организмот. Повеќе од 400 ензими имаат потреба од витаминот Б3, со цел нивно непречено одвивање. На тој начин се добива и се складира енергија која е неопходна за нормално функционирање на организмот. Покрај тоа, ниацинот е неопходен за здрава кожа, коса и очи, здрав црн дроб, а помага и во нормалното функционирање на нервниот систем. Овој витамин е растворлив во вода, па затоа тој лесно се исфрла од телото и ретко предизвикува несакани и токсични ефекти.

Има ли доволно селен во храната? Дефицит, препорачани дози и извори 1

Има ли доволно селен во храната? Дефицит, препорачани дози и извори

За да не го доведеме нашето тело во дефицитарна состојба треба постојано да го снабдуваме организмот со храна богата со минерали  и витамини, а сепак треба да се избегнува и нивна претерана консумација (вообичаено во вид на суплементи) бидејќи во некои случаи може да се појават токсични ефекти. Во следниот текст прочитајте за тоа, кои се препорачаните дневни дози за внес на селен и во која храна најмногу е застапен овој минерал.