4 испробани рецепти за мазник со различни филови 1

4 испробани рецепти за мазник со различни филови

Домашно си е домашно, а и највкусно! Постапката за припрема на мазник во различните краеви на Македонија е слична, а филот може да биде од сирење, урда, спанаќ, праз или мелено месо по желба.  Во овој текст ќе  најдете различни рецептиза мазник и различни филови за инспирација, погледнете ги!

плетена тегната питаа

Посна плетена тегната пита (мазник) со спанаќ и праз

Е ваква убава пита не сте пробале! Благодарение на Катерина, сега ќе може да уживате во вкусот на убавата посна, плетена тегната пита (мазник) приготвен со фил од спанаќ, праз и суви црвени пиперки.

Пица мазник

Мазникот, кој уште се среќава под поимот вртена пита, тегната пита, колпите е стар македонски специјалитет зазема значајно место во македонската кујна и ден денес. А бидејќи на многумина пицата им е омилена, решивме да направиме една интересна комбинација и во нашата кујна приготвивме пица мазник.

посен мазник со кисела зелка

Посен мазник со кисела зелка

Вкусен, вегетаријански предлог за посен мазник со кисела зелка кој сигурно ќе ви се допадне и вам. Рецептот е повеќе пати испробан во нашата кујна, а одличен за збогатување на трпезата за време на пости, куќни слави, имендени или други свечености.

Мазник - традиционална тегната пита

Мазник – традиционална тегната пита

Во разни краеви е познат различно, а најчесто го слушаме како мазник, вртена пита, во тетовскиот крај го нарекуваат колпите. Превкусен е, посебно со чаша јогурт, со домашна домата, може и во комбинација со кисело млеко, а најомилен во Јануари кога се прави специјален Василичарски мазник со скриена паричка во корите. 

прочка домашен мазник со сирење

Рецепт за домашен мазник со сирење

Домашно си е домашно, а и највкусно! Во различните краеви низ Македонија, овој месен специјалитет е познат и како пита, тегната пита, колпите, мазник, а можеби се нарекува и со друго име, кое не го знаеме.  А највкусниот мазник со сирење го прави нашата тетка Вера, која ни го прераскажа рецептот.

посен мазник со спанаќ

Рецепт за посен мазник со спанаќ

Вкусен, вегетаријански предлог за посен мазник со спанаќ кој сигурно ќе ви се допадне и вам. Во некои краеви на Македонија, овој месен специјалитет е познат како мазник, тегната пита, а може да се сретне и како колпите.

Мазник со готови кори – лесен рецепт

Ако обожавате да јадете мазник, а не сакате да тегнете или сукате тесто, ви предлагаме најлесен начин да стигнете до целта, направете мазник со готови кори. Многу е вкусен и супер лесен и за нови и за искусни домаќинки кои штедат време.