„Триспратен“ клуб сендвич од тостирани лепчиња со павлака и јајце 1

„Триспратен“ клуб сендвич од тостирани лепчиња со павлака и јајце

Сите се слични, но и малку различни! Ваквите сендвичи будат посебно убави емоции и потсетуваат на лабаво дружење во некој „ланч бар“ со најблиските пријатели или саканите. Едноставно е да направите, па ви предлагаме да го пробате вака приготвениот клуб сендвич од тостирани лепчиња со павлака и јајце!

Брза крем салата од целер со павлака 1

Брза крем салата од целер со павлака

Оваа крем салата од целер е многу брза и лесна за подготовка, а може да се послужи со било кое јадење. Одлично годи како лесна вечера со некое парче печен тост леб. Добра е и за мезење, ние проверивме, друштвото ја одобри!

sladoled so malini

Овошен сладолед со малини и слатка павлака

Домашните, кремасти и освежителни сладоледи се добредојдени во летниот период. Имаме различно овошје на располагање, а со него може да се направат супер комбинации. Па, овој пат се одлучивме за домашен сладолед со малини, кој има убава арома и прекрасна розова боја.

Домашен сладолед од кајсии

Сигурно ќе сакате да го пробате овој сладок кремаст десерт! Освежување и засладување, идеално за летниот период! Топ комбинација од кајсии и слатка павлака, за кремаст, млечен и овошен вкус. А, за да го направите домашниот сладолед од кајсии следете го овој испробан рецепт.

Домашен сладолед со праски и слатка павлака

Освежително и лесно, за сите љубители на овошни сладоледи. Со оглед на тоа што сезоната на праските започна, време е да ги направите најубавите десерти. А во лето се знае, не може да се замисли без сладолед. Па, драги пријатели пробајте го овој рецепт за домашен сладолед со праски и слатка павлака.

leden desert so jagodi

Леден десерт со јагоди, слатка павлака и бисквити

Во топлите денови сите сакаме да се разладиме со сладолед или некој друг леден десерт. Па, со оглед на сезоната на јагоди, нашата драга Кате ни приготви супер изненадување. Станува збор за брз и едноставен леден десерт со јагоди, слатка павлака и бисквити.

чоколадна торта со јагоди

Чоколадна торта со јагоди и слатка павлака

Барате лесен, едноставен рецепт за вкусна чоколадна торта со јагоди? Вие сте на вистинското место. Ова е навистина лесна торта, погодна за сезоната кога има свежи јагоди. Се прави едноставно со неколку состојки кои сигурно ги имате во кујната.

компири во сос од кашкавал

Запечени компири во сос од кашкавал и павлака

Гурманско јадење кое мора да го пробате! Толку вкусен рецепт, ретко може да се најде и во најелитните ресторани. Диана ни предлага супер рецепт за превкусни запечени компири во сос од кашкавал и павлака.

Бела салата со печурки и краставици 1

Бела салата со печурки и краставици

Оваа е еден брзински, а ефектен рецепт. Станува збор за ладна салата со печурки, која одлично се вклопува во свечените трпези, а и секојдневно. Многу убаво се комбинира со тостиран и топол леб, а се јаде и посебно.