Варен посен грав со домат 1

Варен посен грав со домат

Весна е една од заслужните за зачувување на македонската традиција и кујна, а сѐ што сме имале можност да пробаме од нејзините предлози било навистина одлично, па упатуваме искрена пофалба и благодарност до неа за секој споделен рецепт и вложен труд! Во деновиве кога рецептите за посни јадења јадења се навистина актуелни и корисни за идеи, споделуваме како да направите многу вкусен варен посен грав со домат.

посен намаз од индиски ореви и зачини

Посен намаз од индиски ореви и зачини

Имаме нов, многу вкусен посен намаз од индиски ореви! На предлог на нашата пријателка Диана, го споделуваме овој супер рецепт. Подготовката е едноставна, а добиениот намаз е здрав, вегански, не содржи глутен и лактоза.

Брз посен сос - макало 1

Брз посен сос – макало

Овој е многу едноставен и брз посен сос или макало, кое за гурманите може да биде и лутичко, за уште повеќе да уживаат! Весна ни кажа дека овој сос одлично одговара со месо, јагнешко, свинско, телешко, пилешко, по желба. Ние го пробавме и навистина е многу вкусен!

Посен интегрален колач со кандирано овошје

Идеите за посни десерти секогаш се добредојдени! Сигурни штом го читате овој рецепт, обожавате да експериментирате во кујната и да приготвувате нови, интересни јадења. Овој пат, благодарение на Катерина, споделуваме супер рецепт за посен интегрален колач со кандирано овошје.

Посен чоколаден колач со лешници

Посен чоколаден колач со лешници

Чоколадо со лешници! Звучи примамливо, нели? Ако постите и не можете да одолеете на омиленото чоколадо, ние имаме решение. Нашата драга Невена ни приготви супер рецепт за посен чоколаден колач со лешници.

Посен брз двобоен колач со какао

Сликата кажува се, нели? Благодарение на Катерина, сега имаме уште еден рецепт за посен и сочен десерт. Послужен со кафе, посниот брз двобоен колач со какао е идеален за средби со пријателите или засладување за време на пости. 

Посен колач со суво овошје 1

Посен колач со суво овошје

Кога сакате вашето кафе уживање да го збогатите со сладок десерт, кој освен што е примамлив за јадење, е поволен и за здравјето, ви предлагаме да го направите одличниов посен колач со суво овошје. Најдобро е што може да се јаде секогаш и секаде, од оние што постат, од оние кои се придржуваат на здрави режими на исхрана и сакаат денови исполнети со енергија!

Едноставен посен намаз од печурки и грав

На предлог на нашата пријателка Диана, ни доаѓа уште еден фантастичен рецепт за посен намаз од печурки и грав. Она што многу ни се допадна е тоа што за неговата подготовка потребни се неколку состојки, а целиот процес на припрема е многу едноставен.

Посен подварок од свежа зелка

Традиционално јадење, но сега подготвено на малку поинаков начин! Од поискусните домаќинки дознавме дека има начин да се зготви многу вкусен, а посен подварок и тоа од пресна зелка, како што е традиција во зима.

Посен намаз од кикиритки и семиња 1

Посен намаз од кикиритки и семиња

Штом ја погледнавме фотографијата почувствувавме дека е неодоливо вкусно и здраво, а откако ги прочитавме состојките се уверивме дека е така! Кате ни предложи фантастичен рецепт за посен намаз од кикиритки и семиња, едноставно одличен е!