посен овошен десерт во чаша

Готвиме со Марија Кочовска – Посен овошен десерт во чаша со пудинг

Уште еден фантастичен рецепт од нашата Марија. Без печење до совршен посен овошен десерт во чаша со фантастичен изглед и уште подобар вкус! Јагода, шумско овошје и крцкави бисквити споени во вкусна комбинација.

посни бомбици од ориз без масло

5 посни рецепти без масло – солени и слатки

Во деновите кога се строги пости, може да ги направите и дегустирате овие посни рецепти без масло. Во таквите денови, на сите нас ни користат креативни идеи за да пробаме нешто ново и да ја „срушиме“ рутината, па ако имате некоја ваша испробана идеја слободно споделете со нас. 

посен мазник со кисела зелка

4 рецепти за посен мазник

Овие рецепти се испробани од нас и нашите пријатели, навистина се солидни во вкусот. Деновиве мазниците се на трпезите најзастапено јадење, па во оваа прилика ви предлагаме 4 избрани рецепти за посен мазник. Не двоумете се и пробајте некој од рецептиве уште денес!

хумус од цвекло

Хумус од цвекло – посен намаз

Цвеклото е зеленчук кој на сите нас ни е познат по неговите лековити својства. Иако, можеби на многу луѓе не им е омилено поради силниот и карактеристичен вкус, од него може да се направат навистина вкусни јадења и да се искористат сите негови благодати. А баш таков е и рецептот за хумус од цвекло кој е одличен за црниот дроб.

posen maznik so spanak 1

Од кујната на Катерина: Брз рецепт за посен мазник од готови кори

Мојата кујна е како ризница на кулинарски идеи. Уживам кога готвам, а посебно ми е интересно и сакам да смислувам рецепти кои се брзи, лесни и не бараат многу труд. Во зимскиот период, голем број од нас имаат куќни слави, па верувам дека овој испробан рецепт за посен мазник од готови кори и тоа како ќе ви биде корисен. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска, фуд блогер и уредник на нашиот сајт. 

Печен прокељ во рерна

Печен прокељ во рерна

Имаме нов рецепт за подготовка на прокељ! Сигурно знаете дека прокељот е многу здрав, но многу ретко може да се најдат рецепти за негова подготовка. Па затоа, на предлог од нашата пријателка Лана, го споделуваме рецептот за печен прокељ во рерна.

Посен чоколаден намаз со путер од кикиритки за 5 минути 1

Посен чоколаден намаз со путер од кикиритки за 5 минути

Нема човек кој не обожава наутро со утринското кафе  да си намачка и лепче со вкусен намаз. Ние имаме еден навистина интересен предлог за посен чоколаден намаз со путер од кикиритки, банана и урми, кој не само што е кремаст и вкусен, туку е и многу хранлив. А, најдоброто од се е што овој намаз е и посен, па супер ќе им дојде на сите оние кои постат. Испробано во нашата кујна, многу вкусно!

Посен ориз со брокула

Штом станува збор за подготовка на ориз, можеме да кажеме дека Невена е една од најдобрите наши соработнички. Таа има супер рецепти, а има и што да научиме за подготовката на оризот. Овој пат со нас го сподели рецептот за посен ориз со брокула, кој се приготвува многу брзо.

Варен посен грав со домат 1

Варен посен грав со домат

Весна е една од заслужните за зачувување на македонската традиција и кујна, а сѐ што сме имале можност да пробаме од нејзините предлози било навистина одлично, па упатуваме искрена пофалба и благодарност до неа за секој споделен рецепт и вложен труд! Во деновиве кога рецептите за посни јадења јадења се навистина актуелни и корисни за идеи, споделуваме како да направите многу вкусен варен посен грав со домат.

посен намаз од индиски ореви и зачини

Посен намаз од индиски ореви и зачини

Имаме нов, многу вкусен посен намаз од индиски ореви! На предлог на нашата пријателка Диана, го споделуваме овој супер рецепт. Подготовката е едноставна, а добиениот намаз е здрав, вегански, не содржи глутен и лактоза.

Брз посен сос - макало 1

Брз посен сос – макало

Овој е многу едноставен и брз посен сос или макало, кое за гурманите може да биде и лутичко, за уште повеќе да уживаат! Весна ни кажа дека овој сос одлично одговара со месо, јагнешко, свинско, телешко, пилешко, по желба. Ние го пробавме и навистина е многу вкусен!

Посен интегрален колач со кандирано овошје

Идеите за посни десерти секогаш се добредојдени! Сигурни штом го читате овој рецепт, обожавате да експериментирате во кујната и да приготвувате нови, интересни јадења. Овој пат, благодарение на Катерина, споделуваме супер рецепт за посен интегрален колач со кандирано овошје.