5 симптоми кои укажуваат на недостаток на протеини 1

5 симптоми кои укажуваат на недостаток на протеини

Повеќе од најпопуларните диети на денешното време, препорачуваат зголемен внес на протеини. Сепак, многу луѓе не консумираат доволна количина од намирниците кои се богати со нив. Еве на кои симптоми треба да реагирате и да препознаете дека вашиот организам има недостаток на протеини.

факти за авокадото 1

7 интересни факти за авокадото

Пред да започнеме со  разгледување на интересни факти за авокадото, прво да ве запрашаме. Што е авокадото, овошје или зеленчук? Многумина мислат дека е зеленчук, но всушност, авокадото е овошје! Како и да е, еве неколку интересни нешта за него.

Што треба да има во чинијата за здрав појадок?

Сигурно многу пати сте слушнале дека појадокот е најважен оброк во денот. Затоа вреди да вложите малку повеќе време за да си обезбедите висококвалитетна храна која ќе ви ја даде потребната енергија, а нема лошо да влијае на вашето здравје. Доколку за појадок изберете храна со низок гликемски индекс, организмот ќе може подобро да ги согорува мастите за време на вежбањето, а и неколку часа потоа. На тој начин, ќе ја задржите посакуваната телесна тежина и доброто здравје.

причини зошто да консумирате јогурт секој ден 1

Има многу причини зошто да консумирате јогурт секој ден

Баш така, има многу причини зошто да консумирате јогурт секој ден! Тој е исклучително богата намирница со витамини и минерали, а покрај тоа содржи здрави, активни бактерии кои се добри за организмот.

Сакате витка линија? Не го избегнувајте месото 1

Сакате витка линија? Не го избегнувајте месото!

Често пати, во желбата да се намали телесната маса, луѓето обично мислат дека треба да го избегнат месото. Но не е баш така. Овие совети ќе ви помогнат ако сакате да го изгубите вишокот на килограми и да постигнете витка линија.

Пињоли - изобилство од полновредни протеини и здрави масти 1

Пињоли – изобилство од полновредни протеини и здрави масти

Пињоли се плодови од бор од родот Pinus, а покрупните примероци се употребуваат како храна. Плодовите од бор (во главно од Pinus monophylia и Pinus edulis) во Северна Америка се собирале уште пред 10 000 години, додека во медитеранското подрачје (Pinus pinea) се употребуваат околу 2000 години.

енергија

5 важни совети за да имате енергија преку цел ден

Често луѓето се жалат дека се исцрпени, немаат доволно енергија или пак нивото на енергија им варира горе – долу. Ви нудиме 5 важни совети и некои едноставни корекции во исхраната, кои допринесуваат да имате стабилно ниво на енергија во подолг временски период.

8 придобивки од здравиот амарант кој е симбол за бесмртност 1

8 придобивки од здравиот амарант кој е симбол за бесмртност

Многу често луѓето го сместуваат во категоријата на житарици поради неговиот нутритивен профил, а уште една важна карактеристика за ова растение е тоа што не содржи глутен и што е безбеден за употреба од страна на лицата со целијакија. Во продолжение прочитајте за здравствените придобивки од употребата на амарант во вашата исхрана.

Здрава храна за здрави нокти

Многу жени кои имаат слаби нокти се жалат на постојано лупење кое никако не може да се избегне. И покрај тоа што оние кои го имаат овој проблем веруваат дека никогаш повеќе нема да ги видат своите нокти убави и цврсти, сепак постојат неколку совети кои за само неколку недели можат да ви покажат одлични резултати. А за здрави нокти, покрај следните совети е потребно да се консумира здрава храна.

Протеини кои не се месо, има ли доволно растителни извори 1

Протеини кои не се месо, има ли доволно растителни извори?

Се прашувате ли како да ги задоволам потребите на организмот за протеини, а да не јадам месо секој ден? Има голем број луѓе кои се обожаватели на месо, но има и такви кои не го обожаваат, па овој пат вниманието ќе го посочиме на растителните извори на протеини.

6 нешта кои најверојатно не ги знаете за вкусниот грашок 1

6 нешта кои најверојатно не ги знаете за вкусниот грашок

Дефинитивно грашокот е намирница чиешто значење за нашето здравје не е доволно нагласено и паради тоа можеби е помалку застапен во нашата исхрана. Во понатамошниот текст ви наведуваме неколку факти за вкусниот грашок, а со тоа и неколку причини плус, за да го вклучите грашокот во вашата секојдневна исхрана.

киноа

6 причини да јадете киноа

Киноата е растение кое сé почесто почнува да се употребува во исхраната, поради корисните состојки и активни компоненти кои ги содржи. Истражувањата ги потврдиле позитивните ефекти од консумацијата на киноа врз здравјето, па затоа ја препорачуваме сите кои водат здрав начин на живот.  

пилешко месо здрава храна

Пилешко месо – извор на квалитетни протеини

Пилешкото месо во светот е доста популарна намирница благодарејќи на прекрасниот вкус, на нутритивната вредност и можноста да се припреми на различни начини. Покрај тоа, вкусното пилешко месо е поекономично според другите видови меса, има поволна цена и висок квалитет.

киноа

Киноа – една од најздравите храни на светот

Во последно време, штом се зборува за здрава храна сигурно сте слушнале за киноа. Бидејќи киноата е малку позната кај нас, а изобилува со корисни својства за здравјето, добро е да се запознаете со неа.