Лесновски манастир и дегустација на Штипска пастрмајлија 1

Еднодневна прошетка до Лесновски манастир и дегустација на штипска пастрмајлија

Ако сте љубител на живот исполнет со убава енергија и ведро расположение, слободно придружете ни се! Секоја прошетка го прави животот поубав и побогат! Дојдете со нас на еднодневно уживање до Лесновски манастир и дегустација на штипска пастрмајлија!

Прошетка до Марков манастир, Македонското село и Матка 1

Прошетка до Марков манастир, Македонското село и Матка

Македонија е прекрасна, па да ја запознаеме подобро! Предлогот за прошетка е прво да го посетиме Марков Манастир кој е културно – историско богатство,  па да се упатиме кон комплексот „Македонско село“ во Нерези, каде духот на традицијата се доживува преку прекрасните градби на македонските куќи од различните краеви, а има и каде да замезиме и да купиме по нешто уникатно. На крај, ќе се упатиме кон незаменливиот кањон Матка каде раззеленетата природа опива, а звуците на водата која шумоли и птиците по дрвјата се неверојатно релаксирачки.

Крушево 1

Пред 8-мо мартовска прошетка до Крушево со дегустација на крушевски специјалитети

Продолжуваме да откриваме и дегустираме! Овој пат предлогот за прошетка е да го посетиме Крушево и неговите знаменитости! Прво ќе одиме во посета на Мечкин камен, па ќе го посетиме Македониумот – споменикот Илинден, ќе одиме на гробот на нашиот Тоше, а ќе ја посетиме и неговата спомен куќа каде ќе се потсетиме на неговите дела, вредност и желба да бидат сакани сите! Со радост и почит ќе го посетиме и манастирот на Тоше. А, како би бил комплетен еден ден во овој мал идиличен град, ако не уживаме во прекрасниот вкус на крушевските специјалитети?