Печена тиква со мед и фета сирење 1

Печена тиква со мед и фета сирење

Печената тиква со мед и фета сирење е одличен есенски рецепт, кој се припрема за околу 40 минути. Може да се јаде самостојно како салата, како полесна вечера или пак де се послужи како прилог со месо. Одлична е и ако ви дојдат ненајавени гости кои сакaте да ги изненадите со нешто ново и необично, а немате време да готвите јадење кое е комплицирано.

Брзо медитеранско мезе од фета сирење 1

Брзо медитеранско мезе од фета сирење

Често пати, кога одиме на патувања, веруваме дека и вие, исто како нас сакате да пробате нови нешта. Така во една прилика, замезивме нешто слично. Шетањето, а посебно посетата на рестораните покрај море нуди широки можности. Особено карактеристично е да се проба некое вакво јадење, па инспирирани од пријатните спомени имаме еден предлог за сите вас. На блогот на нашата пријателка Лана, наидовме на еден супер брз и лесен рецепт за медитеранско мезе од фета сирење. Препорачуваме да го пробате!

Медитеранска салата од запечена фета со домати и црни маслинки 1

Медитеранска салата од запечена фета со домати и црни маслинки

Летото е создадено за полни чинии радост и бои! Барајќи идеја како да си го разубавиме и измениме секојдневното мени, наидовме на интересна медитеранска салата од запечена фета со домати и маслинки. Па и сервирана со лепче, мерак за душата!

Резанци во медитерански сос со фета сирење Олимпус 1

Резанци во медитерански сос со фета сирење Олимпус

Почувствувајте го мирисот и вкусот на Медитеранската кујна во вашиот дом! Пригответе резанци во медитерански сос со оригинално грчко фета сирење за многу кратко време и на едноставен начин. Тајната за приготвување е во состојките, па ќе ви откриеме кои намирници ги користевме.

рецепт за грчка салата

Традиционален рецепт за популарната грчка салата

Една од попознатите свежи салати кои изобилуваат со зеленчук е популарната грчка салата. Често се наоѓа на менито на рестораните, а воопшто не е тешко да се направи. Со оглед на тоа што рецептот е карактеристичен за нашиот јужен сосед, сите намирници ни се лесно достапни.

Макарони со млечен сос и оригано 1

Макарони со млечен сос и оригано

Овoј сос одлично одговара како додаток на варени макарони, шпагети или други тестенини, а по ваша желба можете да го комбинирате и со многу други јадења! Ние избравме да пробаме макарони со млечен сос и оригано. Исклучително брзо и многу вкусно!

сирења

4 најздрави типови на сирење

Имаме добри вести! Ако сте љубител на сирење, може да уживате во неговиот вкус, без да се грижите. Сирењето е добар извор на протеини, калциум и фосфор. Има и други придобивки по здравјето, но треба да знаете неколку нешта за да го изберете најдоброто што е правилно за вас и да го консумирате умерено.

Домашен леб со фета сирење 1

Домашен леб со фета сирење

Леб, но со уште подобар вкус! Понекогаш е добро да внесеме мала промена во секојдневното мени. Кате сподели со нас одличен рецепт за домашен леб со фета сирење, а ние можеме да го направиме и да го изненадиме семејството.