Домашни чоколадни бисквити во форма на срце 1

Домашни чоколадни бисквити во форма на срце

Секој од нас би уживал во убаво приготвени колачи, нели? Крцкави се и создадени за со омиленото кафе, неверојатни за со омиленото друштво! Рецептот за овие домашни чоколадни бисквити го креиравме во знак на љубовта!

Енергетски чоколадни бомбици со кокос 1

Енергетски чоколадни бомбици со кокос и овес без шеќер

Не постои таков човек кој не ужива во слатките вкусови, а многумина од нас внимаваат на телесната тежина! Така, кога сакате да се засладите без да чувствувате „грижа на совест“, побарајте го овој рецепт кој го креиравме во нашата кујна. Исклучително вкусни, полни со хранливи состојки и многу лесни за подготовка. Без двоумење ви препорачуваме да ги пробате енергетските чоколадни бомбици со кокос и овес!

колачи со бисквити жито лукс

Чоколадни колачи со бисквити Жито Лукс и лешници, готови за 10 минути

Ова се нашите омилени чоколадни колачиња кои изгледаат фантастично, а повкусни не може да бидат! Верувале или не, овие чоколадни колачи со бисквити Жито Лукс се прават без печење и тоа за 10-тина минути. А вкусот не се опишува со зборови. Би рекле дека е чоколадна фантазија со лешници која секој може да ја направи и да ја проба. Баш погодени!

Екстра чоколадни мафини со лешници и брусница 1

Екстра чоколадни мафини со лешници и брусница

Ги нарековме екстра чоколадни бидејќи се превкусни и изобилуваат со какао и чоколадо во својот состав! Се прават лесно и прилично брзо, а рецептот за нив го имаме пробано повеќе пати. Ако сакате нешто многу вкусно што не е „ризично“ за правење овие чоколадни мафини со лешници и бруснуца се полн погодок.

чоколадни велигденски мафини

Чоколадни велигденски мафини со рум и портокал

Барате идеја за да направите нешто ново, едноставно и лесно за Велигденските празници? Вие сте на вистинското место. Овие празници израдувајте го семејството со чоколадни велигденски мафини кои лесно се приготвуваат, а се многу вкусни.

чоколадни кокос коцки

Чоколадни кокос коцки со рум

Комбинацијата од кокос, чоколадо и рум е една од нашите омилени вкусови. Токму затоа, во нашата кујна припремивме сочни, чоколадни кокос коцки со рум кои многу лесно се прават, а ќе се заслади целото семејство.

Чоколадни ладни банана колачи 1

Чоколадни ладни банана колачи

Доколку изненадно ви се најавиле гости и немате идеја што вкусно, лесно и експресно брзо да подготвите за да ги почестите, ви предлагаме супер идеја за чоколадни ладни банана колачи. Овошни се и не се многу калорични, а убаво ќе ви користат за да го усреќите и засладите друштвото!

чоколадни мафини со ореви 1

Чоколадни мафини со ореви

Превкусни се! Овие чоколадни мафини со ореви изобилуваат со чоколадо и сензациите кои ќе ги почувствувате при јадењето се незамисливо добри! А, доколку немате калап за мафини, воопшто не грижете се, истата смеса од која се подготвуваат мафините можете да ја ставите во плех и потоа да исечите колачиња во вид на коцки.