Како да препознаете и изберете природен и квалитетен мед?

Сигурно досега сте слушнале, а и знаете дека медот припаѓа во групата на најздрава храна на планетата. Но, дали знаете дека тој е познат и како единствена храна која има неограничен рок на траење? Природниот и квалитетен мед има голем број на придобивки врз здравјето, а неговите позитивни дејства врз здравјето се уште поистакнати, доколку медот е органски. Но, кога сме кај изборот на квалитетен и природен мед, често се јавува дилема. Најверојатно се прашувате дали медот кој сте го купиле е вистински, дали истиот содржи шеќерен или пченкарен сируп, боја или други адитиви… Со цел да ви го олесниме изборот на природен и квалитетен мед, ја приготвивме оваа едукативна содржина. Прочитајте ги следните трикови кои ни ги пренесоа искусните пчелари!