Има ли поврзаност на алергиите и имуниот систем? Што може да се направи?

Речиси не постои човек кој во животот не се соочил со алергија. Што се алергиите, зошто се појавуваат, каква е поврзаноста со здравјето на дигестивниот систем, кои додатоци во исхраната може да помогнат? – Одговорите ви ги открива Д-р Нела Деспотовска во нашиот разговор. 

Д-р Нела советува: Како да се справите со пролетните алергии?

Д-р Нела Деспотовска советува: Како да се справите со пролетните алергии?

Пролетта е убава, но исто така е и период од годината кога голем број од нас ги измачуваат сезонските алергии. Со ослободувањето на поленот од растенијата, милиони луѓе почнуваат да киваат, што е еден од првите и најчести симптоми. Бидејќи сите сме со различни потреби и карактеристики не можеме да ви дадеме посебен лек кој ќе ви помогне, но затоа пак, можеме да ве посоветуваме да преземете неколку чекори за да ги намалите и да си ги олесните симптомите. Побаравме помош од Д-р Нела Деспотовска, па во продолжение споделуваме неколку корисни совети и препораки за како да се справите со пролетните алергии.

Како да правите разлика помеѓу ковид и пролетните алергии?

Во последните две години светот се соочува со пандемија на коронавирусот кој ги напаѓа дишните патишта. Со оглед на тоа дека сите сме веќе запознаени со симптомите на Ковид-19, а и двете состојби се поклопуваат периодов, малку е тешко е да ги разликуваме од алергиите и да сме потполно сигурни за што точно станува збор. Побаравме помош и мислење на темата од  Д-р Нела Деспотовска која ни даде неколку совети како да правиме разлика помеѓу ковид и пролетните алергии.

6 природни лекови кои помагаат при пролетна алергија 1

Д-р Нела Деспотовска советува: Силен имунитет е решение против пролетните алергии

Сите ние знаеме дека алергиите се непријатни, а посебно во времето кога пролетта се буди и на тој начин активира многу алергени. Оној кој има проблем, често е со двоумење секогаш кога треба да се излегува надвор во природа, но, за среќа, постојат разни, лесно достапни начини за третман, a зајакнувањето на имунитетот е само еден од нив. Па, ако се соочувате со некој од знаците на пролетните алергии, солзење на очите, иритација на грлото, затнат нос, зуење во ушите… овој текст е за вас и ќе ви помогне да го подобрите здравјето!

Најдобри природни лекови против алергии 1

Најдобри природни сојузници против алергии

Алергиите се многу досадни и тешко се лечат. Бидејќи тие се еден од најраспространетите здравствени проблеми на денешницата, со внимание издвоивме кои се проверени природни лекови против алергии и со грижа ги споделуваме со вас.

Козјо млеко за подобро здравје

Козјото млеко во исхраната на човекот се користело многу одамна, а Старите Грци и Римјани пиеле козјо млеко затоа што верувале дека е многу здраво. Може да се каже дека козјото млеко е исклучително здраво, затоа што по својот состав е неверојатно слично со мајчиното млеко.