„Ајде да ве почестиме со крофни! Нашиот тим овој месец очекува две новороденчиња, малечки принцези. По тој повод ви припремив превкусни крофни за новороденче кои секогаш ги правам штом имаме нов член во фамилијата. Иако е традиција да ги приготвуваат бабите, сепак љубовта кон подготовката на десертите и нивната декорација ми е голем мотив за и јас да се вклучам во овој убав обичај. Во некои краеви при раѓање на бебето се спремаат мекици. Кај нас во Битола се прават крофни и се честат најблиските кои доаѓаат да честитаат за бебето.
2 трикови за лесно чистење на бигорот од електричниот бокал
Ако денот го започнувате со шолја кафе или чај, сигурно еден од омилените кујнски апарати ви е електричниот бокал. Меѓутоа, овој кујнски апарат покрај сите предности има еден огромен недостаток со кој многумина се соочуваат, а тоа е бигорот кој се јавува по извесно време. Можеби досега сте давале многу пари за набавка на средства кои се наменети за чистење на бигорот од електричниот бокал. Сега е време да ги пробате нашите испробани кујнски трикови за лесно чистење на наталожениот бигор.