Велигденска венец погача 1

Велигденска венец погача со желе бонбони

„Неверојатно е вкусна, а полесна погача немате направено! Сигурна сум дека ве интересира како постигнав да е превкусна, брза и лесна за подготовка, па топло препорачувам да го пробате мојот рецепт за Велигденска венец погача. Мека како памук и декорирана со желе бонбони, идеална за празничната трпеза!“  – срдечно споделува Катерина од нашиот тим и ви препорачува да ја пробате што поскоро нејзината лесна Велигденска погача.

Кошнички од мелено месо со фил 1

Кошнички од мелено месо со фил – празничен венец со Александра Шијакоска

Празниците се време кое го обожавам, па деновиве се инспирирав за брзо и лесно главно јадење чија подготовка беше во супер друштво! Создадовме убава прилика и поддржани од нашите пријатели Podravka, ја поканивме Александра Шијакоска заедно со другарка и Кика на гости, па ве честам со вкусен и декоративен рецепт за кошнички од мелено месо со фил. Го аранжирав како празничен венец, бидејќи е создаден за уживање на целото семејство! – вели Катерина Шамбевска Спасеновска, фудблогер и еден од уредниците на sezahrana.mk.

Солен венец со варени јајца

Дали ви се случило да ви останат варени јајца а немате идеја како да ги потрошите? Имаме совршен рецепт за вас. Овој пат спремивме нешто различно и интересно, солен венец со варени јајца кој ни доаѓа од кујната  на Лана.

Божиќен венец - салата

Празнична свежа салата – Божиќен венец

Нека биде празнично и весело! Здравата храна нека биде сервирана и за време на убавите Новогодишни и Божиќни празници. Внесете радост на трпезата со вкусната празничната свежа салата – Божиќен венец.

Велигденска плетенка со мармалад 1

Велигденска плетенка со мармалад

Време е за прекрасни и вкусни идеи! А кога станува збор за месено и слатко, може да замислите колку е вкусно, нели?! Го обожаваме овој рецепт и секоја година го подготвуваме традиционално. Ја правиме затоа што домашните ја обожаваат, а бидејќи прва асоцијација многу често е крем, во оваа прилика сакавме да го доловиме вкусот кој потсетува на домашен козињак и направивме Велигденска плетенка со мармалад!

Полнет солен венец со моцарела и тиквичка

Кога сакате да направите вкусно печиво, посетете ја sezahrana.mk. Тука ќе ги најдете најдобрите испробани рецепти кои се креирани од нас и нашите креативни соработнички. А овој пат Катерина ни испрати рецепт за полнет солен венец со моцарела и тиквичка.

Празнична плетенка – венец со суво грозје

Секоја домаќинка со голема желба ја припрема празничната трпеза, па затоа најубавите рецепти се добредојдени. Пребарувајќи низ интернет, го пронајдовме овој интересен рецепт за празнична плетенка – венец со суво грозје која има декоративен изглед и одлично би се вклопила на секоја свечена трпеза.

Празничен венец од новогодишни бастунчиња (лижавчиња)

Времето кое го поминуваме со семејството и пријателите е најдрагоцено! А времето поминато со нив во украсувањето на домот за новогодишните и божиќните празници ни креира убави спомени и моменти. За да се забавувате, а истовремено да бидете креативни ви предлагаме со вашите деца, внуци или малечки пријатели да направите сладок празничен венец од новогодишни бастунчиња (лижавчиња), на кого сите ќе се радуваат.

Направете новогодишен венец од цевки

Новогодишните празници се наближуваат и време е за украсување. Поканете ја празничната магија во домот! Ослободете ја креативната енергија која се крие во вас, дозволете да ве обземе новогодишната еуфорија и разубавете го вашиот дом со интересни декорации и новогодишни салфетки кои можете да ги изработите сами. Овој пат ви предлагаме да направите елегантен новогодишен венец од тенки цевки (сламки) кои ги користите за пиење на сок или коктел.