опоравување од корона вирус 1

6 совети за побрзо опоравување после корона вирус

Во фазата на опоравување после инфекција со корона вирус, важно е да се води здрав животен стил и да се обрнува внимание на сите сигнали кои ги дава телото, а може да бидат алармирачки. Затоа е важно да знаете, какви мерки може да преземете за побрзо опоравување после корона вирус. Еве што издвоивме за вас од нашето истражување.

опаѓање на косата како последица од корона вирусот 1

Опаѓање на косата како последица од корона вирусот и како да си помогнете

Oпаѓањето на косата е нормален процес кај секој од нас и ретко кога обрнуваме внимание на истото, затоа што таа брзо се регенерира и не се забележува недостаток од видливо проретчување. Спротивно од нормалното променување, е појавата на зголемено опаѓање на косата, придружено со споро обновување. Постојат различни причини за абнормално губење на влакна од главата. Како почести причини се вбројуваат стресот и прележана болест, а во последно време медицинските лица посочуваат дека може да се случи зголемено опаѓање на косата како последица од корона вирусот.

кандида како последица од ослабен имунитет 1

7 симптоми кои укажуваат на кандида како последица од ослабен имунитет

Можеби сте запознаени, а можеби не, но една од најчестите причини на денешно време за појава на кандидата како здравствен проблем, е прекумерната употреба на антибиотици. Во комбинација со паднат имунитет, антибиотиците освен што помагаат за лечење на една состојба, во телото прават реакција од овој тип, која посебно е изразена ако истите не се земаат комбинирано со пробиотици. Имајќи го предвид сето ова и дека денес сите нѐ демнее опасноста од светски распространетиот корона вирус, истражувавме малку пошироко за последиците од него и посветивме внимание на темата кандида како последица од ослабен имунитет. А, за издржаните информации и совети кои ги споделуваме за сите вас, искрено се заблагодаруваме на Д-р Нела Деспотовска, која е нашата силна страна кога станува збор за ваков тип на содржини.

Ментално здравје 1

Совети за добро ментално здравје во време на пандемија

Од ден на ден расте вознемиреноста поради корона вирусот. Многу луѓе повеќе ги плаши економската ситуација која настана во светот поради овој вирус отколку неговото влијание врз здравјето. Голем процент од светската популација останале без работа или се приморани да работат од дома и немаат физички контакт со роднини, пријатели, колеги… За полесно прилагодување на околностите, потребно е да се посветиме и да се потрудиме за одржување добро ментално здравје, кое е најпогодено во оваа ситуација.

6 кинески совети за хигиена и дезинфекција на домот кои помагаат против корона вирус

6 кинески совети за хигиена и дезинфекција на домот кои помагаат против корона вирус

КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата корона вирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Како епицентар на заразата се смета градот Вухан. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек* на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично). Првичните искуства покажуваат дека постарите лица и хронично болните се изложени на поголем ризик од компликации и тешки форми на заболувањето. Периодот на инкубација на вирусот е најмногу 14 дена, во кој заразените лица не покажуваат симптоми, но можат да го пренесат вирусот на други лица.

Справете се со херпесот на устата – совети и домашни методи за помош

Знаете ли која е една од најважните препораки за превенција од вирусот херпес симплекс? – Силен имунитет е одговорот! Колку посилен е имунитетот, толку е помала веројатноста дека ќе се појави херпес на устата или околните делови. Се смета дека со овој вирус се заразуваат скоро сите уште пред 20-тата година. Не преставува траен проблем, но може да предизвика прилично голема локална болка. Затоа, ви откриваме што помага и како најдобро да се справите.

7 природни лекови кои помагаат при херпес на усните

Стрес, настинка, прекумерно изложување на сонце или студ, грип се дел од причините кои може да го активираат вирусот херпес. Доколку еднаш се заразите со вирусот херпес симплекс, вие станувате негов носител целиот свој живот. Тој живее во нервните клетки и може повторно да избие кога постои причина за да го активира.