Славиме! sezahrana.mk победник во категоријата Храна и Здравје!

Наскоро е нашиот 9-ти роденден и како поубаво би го пречекале ако не со победа во она за што сме специјализирани?! 🙂 Храната и здравјето беа причината поради која започнавме! sezahrana.mk е специјализиран сајт за храна, основан во 2012 година, со објавени над 3800 авторски содржини/рецепти и ја имал довербата на повеќе од 50 пријатели и поддржувачи низ годините. Драги наши читатели, денес, благодарение на вашата поддршка и интерес, славиме победа во категоријата Храна и Здравје и трето место во категоирија Најдобар блог, на веќе традиционалната манифестација за Сајт на годината, во организација на Media Solutions.

Сѐ за храна ви посакува среќна Нова 2020 година!

Заедно се дружевме цела година! Драги читатели, време е да прославиме за нов почеток и уште една убава година. Ние ви посакуваме многу здравје, радост, среќа и успеси во годината која е пред нас.  

среќна нова година

Сѐ за храна ви посакува среќна Нова 2019 година!

Да ја пречекаме со радост, да ја изживееме со љубов, да ја испратиме со успеси! Среќата и здравјето да бидат наш сопатник во идната година. Тимот на Сѐ за храна ви посакува Среќна Нова 2019 година!

Битолски новогодишен базар

На 27-ми Декември, сите се гледаме во Битола! Бидете дел од Битолскиот новогодишен базар. Ротари Клуб Битола ,,Широк Сокак” со поддршка на Oпштина Битола, по примерот на големите светски метрополи организира „Битолски новогодишен базар” на ден 27.12.2018. од 16-22 часот.

Гласајте за Сѐ за храна да биде најдобар сајт за Храна и здравје за 2018

Почитувани пријатели, започна изборот Сајт на Годината 2018! Вие кои нѐ следите подолго време знаете дека веќе неколку години sezahrana.mk е дел од овој избор. Во изминатите години имавме голема поддршка од вас за што искрено се заблагодаруваме, а секоја награда ја посветуваме нашите читашели!

новогодишната трпеза

Како треба да изгледа новогодишната трпеза?

Новата година, носи нови почетоци. Минатото е зад нас, па носиме новогодишни одлуки, се надеваме на среќа и благосостојба, планираме, а и спремаме богата трпеза. Прашавме повеќе домаќинки од нашиот крај што најчесто пригитвуваат за новогодишната вечер, па ви претставуваме што традиционално се спрема за новогодишната трпеза.

5 намирници кои треба да се избегнуваат по 50-тата година

Се прашувате зошто некои луѓе изгледаат помладо и повитално од годините кои ги имаат? Сите знаеме дека е невозможно да бидеме млади цел живот, но затоа со промена на животниот стил можеме да ги спречиме времето и промените во здравјето кои може да влијаат предвреме да изгледаме постаро.