подобро расположение во есен

Како да подобро расположение во есен? – совети од Д-р Нела Деспотовска

Ладните есенски и зимски денови се пред нас, деновите стануваат пократки, расположението се намалува… Како до подобро расположение во есен? – Ако се соочуваш со намалено расположение или сезонска депресија, продолжи со читање. На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Десптовска и ги споделуваме нејзините совети.

зошто да консумирате Hawaiian Spirulina 1

Зошто да консумирате Hawaiian Spirulina оваа есен?

Многу пати сме ја споменале спирулината и сме зборувале за нејзината важност. Оваа супер храна има бројни придобивки за здравјето. Добра е за намалување на холестеролот, помага при дијабетес… Ви откриваме уште причини зошто да консумирате Hawaiian Spirulina.

зајакнување на имунитетот 1

5 совети за зајакнување на имунитетот во есен

Есента е предизвик за човечкиот имун систем. Се намалува изложеноста на сонце и изборот на храна богата со витамини и минерали е помал. Во овој период најчесто се јавува умор, а се активираат и бактерии и вируси кои предизвикуваат настинки и грип. Прочитајте ги нашите 5 совети за зајакнување на имунитетот во есен.

есенски паднати лисја

Како да ги искористите есенските паднати листови?

Најчесто есента нѐ асоцира на печена тиква, костени и паднати листови. Ако живеете во куќа и имате дрва и растенија сигурно се прашувате дали може да ги искористите есенските паднати листови, наместо да ги фрлите во кантата за отпадоци. Пронајдовме неколку идеи кои ќе ви бидат од корист оваа есен!

Како да направите декоративен сад од есенски листови?

Колку и да сте љубител на топло време, сонце, море и плажа, мора да признаете дека есента е најубавото годишно време која ја красат живописни бои. А доколку сакате малку од таа убавина да понесете дома и на вашата соба да и дадете прекрасен есенски шарм, направете  го овој сад од есенски листови.

esenski svekjnici vo tegla 1

Декоративни есенски свеќници од тегла

Eсента е едно од најживописните и најколоритните годишни времиња. Затоа, инспирирани од убавината на ова годишно време, споделуваме со вас еден креативен направи сам проект со кој ќе ја доловите есенската магија во вашиот дом. Станува збор за декоративни есенски свеќници од тегла.

За подобар имунитет и заштита од болести јадете тиква што почесто 1

За подобар имунитет и заштита од болести јадете тиква што почесто

Таа е симбол на мирисот и боите на есента! Може да се јаде печена, варена или во разни пити, десерти, во склоп на пијалаци и смути. Нејзиниот вкус е прилично неутрален и лесно приемлив за сите. Одлична е за здравјето на повеќе начини, а денес ви откриваме 5 причини зошто е добро да јадете тиква што почесто.

Печени круши со мед и цимет

Бидејќи ни пристигнаа поладните есенски денови, време да се припремиме со убави сезонски рецепти. Затоа ви претставуваме супер есенски рецепт за печени круши со мед и цимет кој ќе го загрее вашиот дом во овие малку постудени дождливи денови. А, да не зборуваме и за прекрасната арома со која ќе ги исполни вашите домови и на голема врата ќе ви ја донесе есенската магија.

Чоколадно пире од костени 1

Чоколадно пире од костени

Есенските денови пристигнаа, а со тоа и сезоната на костените и нивниот мирисот по улиците. Без разлика дали се варени, печени или направени како пире, ретко кој може да им одолее. Ние направивме една супер комбинација и ги искомбиниравме со чоколадо и добивме чоколадно пире од костени! Пробајте, сензацијата од вкусови е неверојатна!

3 намирници кои е добро да се јадат во есен 1

3 намирници кои е добро да се јадат во есен

Есента е прекрасен период на топли бои, убави идилични слики по улиците и прекрасни овошја и зеленчуци на пазарите! А, во овие денови за уживање, добро е да знаеме што има во изобилство , сезонски вкуснотии и намирници кои е добро да се јадат во есен.

Како да изберете најдобри костени

Како да изберете најдобри костени

Изборот на квалитетни костени и не е така лесна работа, а посебно ако не купувате често. Се случува голем број од нив да се шупливи, расипани или на било кој друг начин оштетени, па затоа проследете ги следните неколку совети и во иднина правете вкусни и квалитетни избори на костени.