Готвиме со Марија Кочовска: Полнети јајца со фил во три вкусови

Сакате да направите мала промена на велигденската трпеза? – Изненадете го семејството со превкусна салата, сервирана во белки од варени јајца. Потребни ви се 10-тина минути за подготовка, а веруваме дека секој член на семејството ќе го пронајде омилениот вкус. Овие симпатични полнети јајца со фил, направени само со 5 состојки ги припреми Марија од нашиот тим. Уживајте во прекрасните фотографии и запишете си го рецептот, па за време на велигденските празници, направете го и дегустирајте го.

Како да направите совршена кајгана 1

Како да направите совршена кајгана?

Во никој случај не би можеле да кажеме дека подготовката на кајгана е „научна фантастика“, но, за да уживате во вкусна и неодолива, баш совршена кајгана треба да примените неколку едноставни и мали правила. Па, еве неколку трикови како од обичен оброк да направите вистинско уживање!

5 причини да јадете жолчки од јајца

Има многу повеќе од 5 причини за да практикувате жолчки од јајца во вашето мени. Јајцата се сметаат за полновредна и корисна храна и доколку ги јадете умерено, или по препораките на докторите тоа е изедено едно јајце на ден, никако не може да биде опасност и закана за вашето здравје, туку само ќе имате корист.