Постапалки во 2 вкусови – Лесни колачиња за лесни чекорчиња

„Првите детски чекори се вистинска возбуда не само за родителите, туку и за бебето! Радоста на син ми беше поголема и од нашата и ќе ја памтам долго! Очињата полни со сјај, а на лицето широка и гласна насмевка! Незаборавно! Тој веќе трчка, а јас поради обврски не стигнав тогаш да му направам колачиња, па сега ќе ве почестам превкусни колачиња за лесни чекорчиња и тоа ви припремив избор во 2 вкусови!“ – радосно раскажува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим, која ги направи превкусните и слатки постапалки.

матурски колачи мала

Чоколадни матурски колачи со три вкусови

„Ова се колачиња кои ме освоија на прв залак! Превкусни, се топат во устата, а што е најважно, брзи и едноставни за подготовка. И оваа година имаме убави поводи за славење, а тоа се матури и дипломирање. Дали знаете што е најубаво кај овие колачиња? Правите една смеса, а имате три различни вкусови! Чоколадната смеса поделете ја на три дела и додајте Браво кафе, кора од портокал и рум. Или пак бидете креативни и направете ваша комбинација!“ – вели Марија од нашиот тим која ги направи чоколадните матурски колачи.

замена за кафе 1

4 напитоци кои се здрава замена за кафе

Зголемен крвен притисок, проблеми со желудник, силно чукање на срцето, несоница, панични напади… Најпопуларниот напиток на светот – кафето не секогаш влијае поволно и не секому е од корист. За среќа, постојат здрави и вкусни алтернативи како замена за кафе кои ќе ги засакате.

пилинг од кафе 1

Пилинг од кафе и кокосово масло против целулит

Сакате тело без целулит? – Не трошете пари на скапи пилинзи и кремови против целулит. Направете сами пилинг од кафе, кокосово масло, шеќер и масло од цимет. Овие состојки имаат позитивно влијание на кожата. Ви откриваме кои се нивните ефекти и како да направите едноставен, евтин и ефикасен пилинг против целулит.

5 намирници кои треба да ги избегнувате при анемија

5 намирници кои треба да ги избегнувате при анемија

Сигурно имате слушнато или прочитано која храна се препорачува да се консумира при анемија, а многу малку се знае кои намирници треба да се избегнуваат при намален хемоглобин и железо во крвта. Тоа беше наша мотивација за ново истражување и збогатување на знаењето на сите!  – Познато е дека витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо, но некои намирници кои се богати со калциум или кофеин може негативно да влијаат на неговата искористеност. Во продолжение дознајте кои намирници треба да ги избегнувате при анемија.

наградна игра на Браво кафе Премиум 1

Вози Citroen C3 со новата наградна игра на Браво кафе Премиум!

Во новата година нема илузии, соништата стануваат реалност! Со новата наградна игра на Браво Кафе Премиум можете да добиете еден од четирите Citroen C3 автомобили, телевизор, машина за перење, велосипед, фрижидер, парични награди од по 15.000 денари и уште многу други вредни награди!

ликер од кафе

Домашен ликер од кафе

За ликерите често велат дека се пијалаци на дамите. Ние ги обожаваме, се собираме во друштво на вкусна дегустација и разменуваме нови идеи и рецепти. Затоа одвојте малку време за подготовка на овој ликер од кафе и поканете ги оние кои сакате да ги видите во домашна опуштена атмосфера.

ладно чоколадно кафе

Чоколадно ладно кафе

Лето, топло време и освежително ладно кафе со неодолива арома на богат чоколаден крем! Звучи примамливо, зарем не? Време е за ново гурманско задоволство и паметење на летово со нашиот нов рецепт за чоколадно ладно кафе.

млечна пена за кафе

4 начини за подготовка на млечна пена за кафе

Обожавате капучино со богата млечна пена? Ако сакате да уживате во вкусот на совршеното капучино во својот дом нема потреба да купувате скапи апарати. Млечната пена може да ја направите сами и тоа многу лесно. Изберете еден од четирите начини и препуштате се на богатата арома и вкус.

Кое е најдобро време за пиење кафе?

Кој период од денот ви е омилен за пиење кафе? Дали тоа го правите веднаш штом се разбудите на утро? Што на вас ви значи пиењето кафе – утрински ритуал за будење или пак можеби момент за релаксација и опуштање со пријателите? Доколку и вие првото нешто што го правите на утро е пиењето кафе, тогаш треба да размислите уште еднаш за својата постапка, бидејќи кафето испиено во тој период од денот и не дава баш најефективни резултати.

стевиа во прав

Како може да се користи стевиата во прав?

Стевиата е природен засладувач кој добива од листовите на истоименото растение. Има многу ниска калориска вредност и е популарна во меѓу лицата кои практикуваат здрава исхрана и дијабетичарите, затоа што не го подигнува нивото на шеќер во крвта. На нашиот пазар најчесто се среќава стевиа во прав, па затоа се одлучивме да ве запознаеме подобро со начините на користење.

Освежете ја косата и намалете ги темните кругови под очите со помош на кафе

Освежете ја косата и намалете ги темните кругови под очите со помош на кафе

Многумина не можат да си го замислат почетокот на денот без шолја црно кафе. Тој магичен пијалак кој  утрото го прави совршено, ви помага да се расоните во целост и да добиете додатна доза на енергија, може да направи и нешто друго за вас! Кафето има и многу други намени. Постојат различни начини како може да се искористи, а меѓу нив е и ефикасното освежување на косата и намалување на темните кругови под очите.

кафе за нега на кожата

Нежна кожа без целулит! Искористете го старото кафе за нега на кожата!

Доколку ви преостанало мелено кафе кое веќе ја изгубило аромата и вкусот, немојте да го фрлите. Истото може да го искористите за нега на кожата. Ви претставуваме 2 идеи со кои може да направите пилинг и да го намалите целулитот.

8 природни начини за покачување на низок крвен притисок 1

8 природни начини за покачување на низок крвен притисок

Иако нискиот крвен притисок можеби не ве загрижува и ви изгледа безопасно, сепак доколку тој е изразено низок може да предизвика одредени здравствени проблеми. За среќа, постојат многу природни начини за покачување на низок крвен притисок, вклучувајќи и некои промени во животните навики. Па, разгледајте ја нашата листа со корисни насоки!