Македонски таратур

Македонски таратур – од кујната на Марија Кочовска

Време е за таратур! Го нареков македонски таратур, затоа што сакав да дознаам како се прави во различните краеви во Македонија и креирам рецепт кој ќе ја отсликува македонската кујна. Да ги зачуваме нашите традиционални рецепти и култура!  

Јогурт и кисело млеко за подобар метаболизам, расположение и здрав имун систем

Секој ден го започнуваш со јогурт или кисело млеко? Те освежуваат и ти даваат енергија? – Се сметаат за супер храна и тоа со право! Идеални се за појадок или вечера, а совршено се вклопуваат во различните сосови за салати. Неодамна на подарок добивме кисело млечни производи од Млекара Тетово, а тоа ни беше мотивација за нашето ново истражување. Јогуртот и киселото млеко, претставуваат балансиран извор на протеини, масти, јаглени хидрати, витамини и минерали. Благодарение на тоа нудат бројни придобивки за здравјето, а еве што велат најновите истражувања на оваа тема!

смути со калинки и банани

Смути со калинки и банани

Време е да ги искористиме благодатите кои ни ги нудат калинките. А дали сте пробале сок или пак смути со калинки? Освежуваат, даваат енергија и се добредојдени за секој период од денот. Па, ако имате калинки на располагање, направете смути.

пченкарни мафини со кисело млеко

Пченкарни мафини со кисело млеко

Малите, симпатични мафини ги обожаваме за секакви пригоди. За појадок, ужина или како мезе за гости, мафините се идеални, а најважно од сѐ е тоа што брзо и едноставно се приготвуваат. А сега имаме нов рецепт за пченкарни мафини. Приготвени со кисело млеко и копар, за неодолив медитерански вкус.

Качамак од jачменово брашно и кисело млеко - хроно рецепт 1

Качамак од jачменово брашно и кисело млеко – хроно рецепт

Нема месење, а се добива одлично јадење, наречено качамак од јачменово брашно! Инспирацијата ја добивме од бројните љубители на хроно исхраната, а благодарение на Емили, која го сподели рецептот со сите нас, сега и ние го споделуваме на нашиов сајт. Се прави лесно и корисно е за сите здрави режими на исхрана.

mediteranska ishrana

Медитеранска исхрана за долг живот: 8 намирници кои ја прават една од најдобрите

Нутриционистите препорачуваат медитеранска исхрана за долг живот. За разлика од некои други типови на здрава исхрана, оваа исхрана е истовремено здрава и исклучително вкусна. Еве кои се главните намирници кои ја прават медитеранската исхрана една од најдобрите.

зачинети печени компири

Зачинети печени компири со кисело млеко

Нова идеја и лесен кулинарски предизвик! Од кујната на Катерина ни доаѓа уште еден брз и едноставен рецепт кој може секој да го направи. Сочни и вкусни, зачинети печени компири во сос од кисело млеко.

Рецепт за турска раванија со гриз и кисело млеко

Од ризницата на стари и добро рецепти кои вреди да се пробаат ја издвоивме сочната раванија со гриз и кисело млеко. Подготовката е едноставна и брза, слободно пробајте и споделете го искуството.

домашно смуди од малини

Освежително смуди од малини

За да го започнете денот свежи и полни со енергија, потребно е јадете здрав појадок кој е најважниот оброк. Многумина со кои имаме разговарано често ни велат дека наутро не можат да појадуваат, па затоа им предлагаме да си направат смуди од малини или друго овошје кое е богато со витамини и минерали кои се важни за одржување на здравјето.

Брзи мекици со кисело млеко

Сите обожаваат мекици, но ретко кој сака да ги прави. Но, затоа Катерина ни предлага одличен рецепт за брзи мекици, за кој таа вели: „Ова е рецепт различен од оние класичните мекици, но е доста вкусен и брз, бидејки нема чекање за тестото да стаса, а мекиците воопшто не се мрсни. По желба, мекиците може да се послужат со јогурт, сирење, павлака, мармалад, чоколаден прелив, мед.“

компир салата

Компир салата со прелив од кисело млеко

Брза, лесна и многу вкусна салата ни доаѓа од кујната на Невена. Многумина од нас обожаваат компир салата, а сега може да пробаат нов вкус со прелив од кисело млеко, сенф, маслиново масло и млад кромид како дополнување на вкусот.

Зазики сос – салата

Зазики е сос кој карактеристично се приготвува во Балканските земји. Најчесто се служи со месо припремено на скара или како сос. Зазики сосот традиционално се припрема со овчо или козјо кисело млеко, помешано со краставици, лук, сол, маслиново масло, сок од лимон или црвена винска киселина, зачинет со копар, магдонос или нане.