„За помалку од 10 минути салатата ќе биде готова и послужена, а кујната средена! Штом имаш расположение за мала промена во секојдневието, пробај вака збогатен вкус на таратур со кашкавал!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
Кремаста супа од карфиол
Време е за нешто топло и кремасто! Ви предлагаме да направите супа од карфиол која ќе ве стопли во ладните денови и ќе ви го зајакне имунитетот. Се подготвува брзо и лесно, а вкусот ќе измами насмевка кај вашите најмили. Рецептот го најдовме на Инстаграм блогот на нашата пријателка и нутриционист Симона. Сигурни сме дека ќе го обожавате и ќе го подготвувате често.
Кинеска салата со ориз
„Повкусна од руската, освежителна и едноставна за подготовка! Верувам дека оваа кремаста кинеска салата со ориз ќе биде една од омилените која ќе ја запишете во вашите тетратки со рецепти и ќе ја правите за секоја прилика. Нашите пријатели од Млекара Тетово ни испратија Кораб кравјо сирење за дегустација, а јас го искористив за подготовка на вкусната кинеска салата.“ – вели Марија од нашиот тим.
Велигденска кремаста салата со јајца
Свежа кремаста салата со семиња за 10 минути
Чоколадна торта која се топи во уста
Кремаста чизкејк торта со малини и боровинки
Кремаста торта со банани и чоколаден крем
Непечена кремаста торта со бисквити
Кремаста салата со компири и кисела павлака
Кремаста непечена торта со овошје
Посна чорба од компири и праз
Пилешка салата со цвекло
За секоја слава, роденден, годишнина, пречек на Новата Година и други моменти кои се вредни за креирање на убави спомени, трпезата не може да се замисли без вкусни кремасти салати. Ако ви се досадиле руската, кинеската и француската салата, имаме одличен предлог за пилешка салата со цвекло, за која сигурни сме дека ќе ви се допадне.
Кремаста торта – традиционален рецепт од истокот
Рецептот за оваа кремаста торта е традиционален и многу често се подготвува во Турција. Кога ни се обративте дека би сакале да знаете како може да го направите, се потрудивме да го преведиме за да биде лесно достапен за сите нас, а вас останува само да го направите и да уживате во чудесниот вкус. За овој кремаст специјалитет потребна ви е тава за печење со димензии 24х36 см.
Пилешка салата со макарони
Кога ќе го пробате вкусот на нашата пилешка салата со макарони ќе знаете дека е тоа е можеби најсовршениот состав на состојки кои ги избра Клара. Сите рецепти кои ни ги предлага таа имаат нејзин печат и доза на препознатливост кои будат желба кај нас како дегустатори да уживаме во јадењето и да посакаме да ги споделиме со сите вас.