3 испробани рецепти за зимница со домати - доматен сос, лутенка и кечап

3 испробани рецепти за зимница со домати – доматен сос, лутенка и кечап

„Сезаоната на зимниците се наближува. Ви споделувам 3 испробани рецепти за зимница со домати – лесни, вкусни и без конзерванси! Направете ги и пробајте ги, а ако имате прашања за подготовката, следете ме и пишете ми на Instagram или Facebook, каде што може да разгледате повеќе рецепти. “  – вели Марија Кочовска од нашиот тим.

Рецепт за вкусна лутеница со кинати пиперки

Овој македонски специјалитет може да се сретне како лутеница, лутенка или лутица. Како и да се нарекува во вашиот крај, препознатлив е по пикантната арома на печените лути пиперки, дополнета со сос од домати и лук. Домашната лутеница со кинати пиперки е одлична за појадок со парче сирење. Може да ја испржите со јајца или да ја послужите како мезе со печен леб.