Тегнет мазник со сирење 1

Тегнет мазник со сирење – традиција за Прочка

„Во пресрет на Прочка, го споделувам мојот испробан рецепт за тегнет мазник со сирење. Ако имаш желба, сигурна сум дека моите детални инструкции ќе ти помогнат успешно да го направиш. За празник или некој семеен собир, ова традиционално јадење ќе ги израдува сите!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска фудблогер и уредник од нашиот тим.

домашен мазник

3 рецепти за домашен мазник од кујната на Марија Кочовска

Василичарскиот мазник ќе биде во центарот на трпезата на многу семејствата низ Македонија. Во пресрет на празникот кој ни доаѓа – Василица и традицијата за мазник/пита со паричка, ви споделуваме 3 рецепти за домашен мазник од Марија Кочовска, фудблогер и уредник од нашиот тим.

3 проверени и испробани рецепти за Василичарски мазник од Катерина Шамбевска Спасеновска

3 проверени и испробани рецепти за Василичарски мазник од Катерина Ш. Спасеновска

Василичарскиот мазник со паричка е наизбежен традиционален обичај во нашиот крај. Без разлика дали ќе бидете со друштво или во склоп на семејството, главниот оброк е Василичарскиот мазник со паричка, кој се дели на онолку делови колку што има луѓе на трпезата. Се верува дека на тој што ќе му се падни паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Па, во пресрет на овој празник ви споделуваме 3 проверени и испробани рецепти за Василичарски мазник од  Катерина Шамбевска Спасеновска, уредник и фуд блогер од нашиот тим.

Тегнети мазничиња со кисела зелка 1

Од кујната на Катерина Ш. Спасеновска: Тегнети мазничиња со кисела зелка

„Подготвено и фотографирано во мојата кујна! – Одличното кај овие мазничиња е што едно од нив е доволна доза за оброк на едно лице и тоа ќе му се допадне на секого! Во оваа прилика поводот беше Василичарската традиција за мазник со паричка, а бидејќи нашето друштво е големо, изработката на мали мазничиња со кисела зелка за секого делуваше како одлична идеја и топло ја препорачувам на сите вас! – вели Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим за нејзините мазничиња.

посен мазник со кисела зелка

4 рецепти за посен мазник

Овие рецепти се испробани од нас и нашите пријатели, навистина се солидни во вкусот. Деновиве мазниците се на трпезите најзастапено јадење, па во оваа прилика ви предлагаме 4 избрани рецепти за посен мазник. Не двоумете се и пробајте некој од рецептиве уште денес!

василичарски мазник со сирење и спанаќ

Василичарски мазник со сирење и спанаќ

Имаме нова идеја за уште повкусен василичарски мазник со сирење и спанаќ! Традиционално во Македонија по повод Василица и стара Нова година, во повеќе краеви се прави мазник – вртена пита. Во мазникот се става паричка и се верува дека на тој што ќе му се падне паричката ќе го служи среќата преку целата година. 

posen maznik so spanak 1

Од кујната на Катерина: Брз рецепт за посен мазник од готови кори

Мојата кујна е како ризница на кулинарски идеи. Уживам кога готвам, а посебно ми е интересно и сакам да смислувам рецепти кои се брзи, лесни и не бараат многу труд. Во зимскиот период, голем број од нас имаат куќни слави, па верувам дека овој испробан рецепт за посен мазник од готови кори и тоа како ќе ви биде корисен. – вели Катерина Шамбевска Спасеновска, фуд блогер и уредник на нашиот сајт. 

4 испробани рецепти за мазник со различни филови 1

4 испробани рецепти за мазник со различни филови

Домашно си е домашно, а и највкусно! Постапката за припрема на мазник во различните краеви на Македонија е слична, а филот може да биде од сирење, урда, спанаќ, праз или мелено месо по желба.  Во овој текст ќе  најдете различни рецепти за мазник и различни филови за инспирација, погледнете ги!

плетена тегната питаа

Посна плетена тегната пита (мазник) со спанаќ и праз

Е ваква убава пита не сте пробале! Благодарение на Катерина, сега ќе може да уживате во вкусот на убавата посна, плетена тегната пита (мазник) приготвен со фил од спанаќ, праз и суви црвени пиперки.

Од кујната на Марија Кочовска: Пица мазник

„Мазникот, кој уште се среќава под поимот вртена пита, тегната пита, колпите е стар македонски специјалитет зазема значајно место во македонската кујна и ден денес. А бидејќи на многумина пицата им е омилена, решив да направам една интересна комбинација и приготвив пица мазник.

посен мазник со кисела зелка

Од кујната на Марија Кочовска: Посен мазник со кисела зелка

„Вкусен, вегетаријански предлог за посен мазник со кисела зелка кој сигурно ќе ви се допадне и вам. Рецептот е повеќе пати испробан во нашата кујна, а одличен за збогатување на трпезата за време на пости, куќни слави, имендени или други свечености.

Мазник - традиционална тегната пита

Мазник – традиционална тегната пита

Во разни краеви е познат различно, а најчесто го слушаме како мазник, вртена пита, во тетовскиот крај го нарекуваат колпите. Превкусен е, посебно со чаша јогурт, со домашна домата, може и во комбинација со кисело млеко, а најомилен во Јануари кога се прави специјален Василичарски мазник со скриена паричка во корите.