,,Вкусот на јадењата пренесуван со генерации, никогаш не излегува од мода! Такво е и ова макало! – Ако не знаете што вкусно и лесно да си подготвите, пробајте го безвременскиот рецепт за традиционално макало од пиперки со компири! Го правеа моите баби, мајка ми, па и јас. ” – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.
Рибина чорба со домашно макало од лук
Макало од лук и лут буковец – комбинација за силно здравје
Речиси и да нема човек кој не знае дека лукот има голем број на здравствени придобивки. Истото е и со лутата пиперка. А, кога овие две намирници ќе се спојат, силно здравје е загарантиран резултат. Како да ги искомбинирате за максимално уживање, освен искористување на бенефитите? – Макало од лук и лут буковец е вистинскиот избор!
Макало од сушени пиперки и компири
Кај има поубаво од вкусот на домашните традиционални јадења? Се сложувате ли со нас? – Ве потсетуваме на едно јадење кое потсетува на љубовта и грижата од мајките и бабите. На Инстаграм профилот на Сика, најдовме проверено вкусно макало од сушени пиперки и компири. Нашата семејна традиција е многу слична со онаа на нашите пријатели од Сика, па со задоволство го споделуваме овој супер вкусен и посен рецепт.
Макало од лук, главно на трпезата! – 3 добри начини за јадење
Летен пинџур со зелени пиперки – макало
Традиционално макало од пиперки со компири – летен рецепт
Брзи посни кубети со лук и магдонос
6 совети за главно јадење за куќна слава
Организирањето на слава за домаќините секогаш претставува посебен предизвик. Иако сите сме свесни дека гозбата не треба да биде главна работа кога се слави славата, сепак домаќините имаат голема желба да ги почестат гостите на што подобар начин. А кога сме кај тоа, секогаш се јавува дилема што да послужат како главно јадење за куќната слава.
Од кујната на Катерина Ш. Спасеновска – Брзо скараџиско макало
„Откако еднаш ќе го пробате, ќе ви стане традиција. Собиранките со друштвото се идеална прилика за да го пробате ова макало! Штом се прави скара, се знае, без макало не ја бива, па еве го рецептот за моето и наше, омилено, едноставно и брзо скараџиско макало! – вели Катерина Шамбевска Спасеновска фудблогер и уредник од нашиот тим.
Брз посен намаз – макало од праз и пиперки
Ако ви досадило да јадете месо секојдневно, а не знаете што вкусно и посно да си подготвите, ви предлагаме еден рецепт за макало од праз и пиперки, кој сосем случајно го испробавме во нашата кујна и прерасна во еден од омилените посни рецепти. Вкусот е многу добар, топло препорачуваме да го пробате!