гамби во тегли

Пиперчиња во тегли полнети со изварка (урда)

Сезоната на најубавите зимници започна. Ајвар, лутеница, домата… се само дел од традиционалните рецепти кои се приготвуваат секоја година.  Во нашата земја се прават и различни специјалитети и салати во тегла. Еден рецепт од нив се и малите пиперчиња во тегли полнети со изварка (урда).

Сендвич лепчиња со мелени ореви 1

Сендвич лепчиња со мелени ореви

Време е за малку поинакви и со подобрен вкус, мали сендвич лепчиња со мелени ореви! Симпатични и за обожавање од сите возрасти. Убави за сендвичи, за на пикник, за на работа, а зошто не и за уживање и на трпезата!

мафини со портокал и бадеми

Мафини со портокал и бадеми

Мали и слатки, создадени да ги задоволат и најпребирливите. Извонредната комбинација на портокал и бадеми, преточена во мали колачиња. Па, драги читатели ако сакате да се заблажите со нешто сочно и вкусно, пробајте ги овие мали мафини со портокал и бадеми.

Турски пити од тенки кори со фил од спанаќ и сирење 1

Турски пити од тенки кори со фил од спанаќ и сирење

Како идеја за појадок се баш супер! Кога ќе ги погледнете малите турски пити може да ви делуваат дека малку се тешки за подготовка, но всушност тука е задоволството. А ви припремивме и фотографија со упатство за тоа да е лесно.

солени грицки со сирење 2

Мини срциња – солени грицки со сирење

На инспирација од нашата драга пријателка и авторка Невена, ние направивме еден малку поинаков рецепт за мини срциња. Обожаваме да мезиме со друштвото, па во една прилика направивме супер солени грицки со сирење кои одлично ни „легнаа“ со пивото. Пробајте, ќе уживате и вие!

Рецепт за највкусните американски палачинки

Сите обожаваат палачинки! Тие се одлични за појадок или за десерт во кој било период од денот. Може да се сервираат на различни начини со чоколаден крем, мед, мармалад… Малите сунѓерести американски палачинки се разликуваат од палачинките кои сме навикнати да ги обожаваме уште од детството, но токму поради тоа се и поинтересни.

Палачинки со урда и грашок

Пролет е, па е време за нови пролетни рецепти. Еве нешто ново, брзо и многу вкусно! Во кујната на нашата пријателка Диана, од блогот Trydiani се направени овие мали, убави палачинки со урда и грашок, кои се вистинско пролетно уживање за целото семејство.

Едноставен домашен рецепт за мали кроасани 2

Едноставен домашен рецепт за мали кроасани

Овие мали кроасани се навистина едноставни за припрема, со само едно нараснување и без многубројни преклопувања на тестото. Совршени се и во солена и во слатка варијанта, а идеални за појадок, за носење на излет или дружби со пријателите.

Посни сарми по оригинален прилепски рецепт

Посни сарми по оригинален прилепски рецепт

Прилепските посни сарми се надалеку познати по својата уникатност! Многу малечки како палче, велат прилепчани. Тие се вкусно и хранливо богатство од витамин Ц и често застапени на посните трпезите за куќните слави, а еве како може да ги направите по оригинален рецепт баш на прилепски начин!

Чоколадни макаронс колачиња

Чоколадни макаронс колачиња

Макаронс колачињата имаат долга традиција на уживање од кралските редови! Ако ја дознаете приказната за нив, дегустацијата на секое колаче ќе ви биде уште поинтересна и повкусна, затоа продолжете да читате и секако откријте го домашниот рецепт!

профитероли

Рецепт за домашни профитероли

Овие вкусни мини еклерчиња кои се познати како профитероли, својата популарност ја стекнале уште во времето на ренесансата кога рецептот од Италија бил пренесен во Франција од страна на Катерина де Медичи. Во 1540 година нејзиниот личен кувар го креирал рецептот за еклери и профитероли кој потоа бил распространет во цела Европа и станал многу популарен во Франција, Англија и секако Италија.

феферони

Феферони во тегли

Со пица, пастрмалија или печени компири со месо, киселите феферони одлично одговараат и го збогатуваат вкусот. Сега може дома да направите феферони во тегли за зимница и да уживате во нивниот вкус преку зимата. Рецептот за феферони во тегли ни го испрати нашата читателка Вера, не содржи конзерванси, па е одлична гурманска зимница која вреди да се проба.