Нов леб со домати и босилек од Жито Лукс

Најголемиот производител на леб во земјава, Жито Лукс, ја прошири својата палета на производи со лансирањето во продажба на уште еден леб во медитеранското семејство – Медитерано со домати и босилек.  Мешавината на ладно цедено маслиново масло, суви домати и босилек внесуваат ароматична нота за секој оброк и претставуваат вистинска летна и лесна закуска. Производот не содржи вештачки и прехранбени бои, а обоеноста е резултат на природните состојки.