Најдобриот рецепт за домашно гиро со свинско месо

Обожаваш гиро и сакаш да си направиш дома со прилог по твој вкус? – Ако одговорот е да, ти си на вистинското место! Го имаме најдобриот рецепт за подготовка на домашно гиро со свинско месо, а штом го пробаш, пиши ни како ти се допадна!

Најдобриот вегански мача чизкејк

Вегански и без глутен! Рецептот за најдобриот вегански мача чизкејк ни го испрати нашата пријателка Марија, а ние со задоволство го споделуваме со вас. Taa вели: „Досега сум направила и пробала многу различни мача чизкејкови, но овој е дефинитивно најдобар од сите.“

Најдобриот рецепт за болоњезе сос

Да, го имаме најдобриот домашен рецепт за болоњезе сос! Направен со македонско мелено месо од Агриа, локални зеленчуци и многу љубов. А најдоброто кај овој сос е тоа што може да го замрзнете и да го користите по потреба. Совршен е за тестенини, лазања, полнети тиквички, модри патлиџани…  Изборот е ваш, а состојките и подготовката погледнете ги во текстот.

Сајт на Годината 2019

Гласајте за Сѐ за храна да биде најдобар сајт за Храна и здравје за 2019

Почитувани пријатели, започна изборот Сајт на Годината 2019! Вие кои нѐ следите подолго време знаете дека веќе неколку години sezahrana.mk е дел од овој избор. Во изминатите години имавме голема поддршка од вас за што искрено се заблагодаруваме, а секоја награда ја посветуваме нашите читашели!

Сѐ за храна помеѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија

Сѐ за храна помеѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија

Помина уште една убава година, споделуваме рецепти, совети за здравјето и кујната, правевме домашни лекови и дегустиравме традиционална храна. Се дружевме на настани, креиравме едукативни предавања, се дружевме со средношколците и со студентите од повеќе факултети и разговаравме за различни теми поврзани со исхраната и здравјето. Шетавме со нашите автори и пријатели, ги откривавме убавините на Македонија, а најповеќе уживавме во вкусот на традиционалната храна. Учествувавме во повеќе ТВ емисии, готвевме во живо и споделувавме препораки на различни теми. Бевме дел од повеќе хуманитарни акции и дониравме онаму каде што беше најпотребно. И на крај, сите вие кои ја поддржувате нашата работа, гласавте на изборот за Најдобар сајт 2017. Со заеднички сили, љубов и желба, сите ние потврдивме дека храната е област која многу ни значи, а квалитетот може да биде препознаен. Драги пријатели, да ве информираме дека ги добивме резултатите од изборот за Сајт на годината 2017. И овој пат, Сѐ за храна е меѓу најдобрите 10 сајтови во Македонија, во конкуренција од преку 200 пријавени сајтови.

Сѐ за храна помеѓу победниците за најдобар сајт на годината 2016 1

Сѐ за храна помеѓу победниците за најдобар сајт на годината 2016

Помина уште една убава година, споделуваме рецепти, совети за здравјето и кујната, правевме домашни лекови и дегустиравме традиционална храна. Се дружевме на настани, го одржавме првото предавање на тема „Подобра исхрана, подобар живот“ во Битола, се дружевме со средношколците и разговаравме за седечкиот начин на живот и исхраната, се дружевме и со студентите од повеќе факултети и разговаравме за различни теми поврзани со исхраната и здравјето. Шетавме со нашите автори и пријатели, ги откривавме убавините на Македонија, а најповеќе уживавме во вкусот на традиционалната храна. Учествувавме во повеќе ТВ емисии, готвевме во живо и споделувавме препораки на различни теми. Бевме дел од повеќе хуманитарни акции и дониравме онаму каде што беше најпотребно. И на крај, сите вие кои ја поддржувате нашата работа, гласавте на изборот за најдобар сајт 2016. Со заеднички сили, љубов и желба, сите ние потврдивме дека храната е област која многу ни значи, па драги пријатели заедно е да го прославиме освноеното второ место на изборот на сајт на годината 2016.