Пирошки со фил од мелено месо

Пирошки со фил од мелено месо

Кој е за вкусни и сочни пирошки?! – Идеални се за појадок или вечера! Супер вкусни, од состојки кои сите ги имаме дома. Одличен специјалитет на трпезата! Овие пирошки со фил од мелено месо се превкусни, а и интересни за изглед. Убави за честење на гости и за радување на домашните. Вреди да ги пробате!

панцероти со мелено месо

Панцероти со мелено месо

Вкусни, меки, воздушести! Ви откриваме рецепт за панцероти со мелено месо, повкусни и од оние во пекарниците. Идеални за појадок со чаша јогурт, за мезе со пријателите или вкусна вечера! Не двоумете се да ги пробате.

похувани палачинки

Похувани палачинки со фил од мелено месо

Палачинките ни се омилени, без разлика дали се американски или класични, солени или благи. А, денес подготвивме вкусен и лесен рецепт за похувани палачинки со фил од мелено месо. Вака подготвени, тие се совршени за предјадење или за мезење, а може и да ги послужите за појадок со сос од павлака и мајонез.

пржени пирошки од готови кори 1

Пржени пирошки од готови кори

Во брзање сте и немате време да приготвите ручек или вечера? Ви се најавиле гости и за кратко треба да спремите нешто лесно и вкусно? – Имаме супер рецепт за вас: пржени пирошки од готови кори. Приготвен со голема љубов во кујната на Сѐ за храна!

8 рецепти за посни кифлички, пирошки и пици со печурки

Посните јадења и печива често се приготвуваат, па секогаш се добредојдени нови предлози за рецепти. А нам најомилени ни се посните кифлички кои се приготвени со фил. Филот може да се направи на различни начини, со печурки, спанаќ, маслинки, кисели краставички… Сепак, важно е да се погоди рецептот за да немате грижи дали јадењето ќе испадне добро или не. За да ви го олесниме изборот, направивме листа на нашите најдобри 8 рецепти за посни кифлички, пирошки и пици со печурки. Печурките ги обожаваме, па еве кои се нашите предлог рецепти.

Печени посни пирошки со фил од компири

Печени посни пирошки со фил од компири

Одлична идеја за полнети посни пирошки ни испрати нашата пријателка Диана од Бугарија. Рецептот за пирошките е едноставен, а како фил се користат варени компири, зачинети по вкус. По желба во филот може да додадете сечкани печурки, а ние ви предлагаме кисели краставички или маслинки.

Печени посни пирошки со фил од ајвар

Овие мали печени посни пирошки со фил од ајвар се омилени на нашите гости за време на посна куќна слава или именден, па често ги правиме. Рецептот доаѓа од кујната на Марија Кочовска е испробан повеќе пати, па немојте да се двоумите и да ги направите во првата слободна прилика.

пирошки од палачинки

Пирошки од палачинки со фил од мелено месо и кашкавал

Вкусен специјалитет кој вреди да се проба! Невена е експерт за убави и вкусни јадења, а овој пат ни припреми одличен рецепт за пирошки од палачинки со фил од мелено месо и кашкавал. Сигурни сме дека ќе ви се допаднат. Мораат да се пробаат, нели?

посни пирошки

Посни пирошки од палачинки со фил од печурки

За љубителите на палачинки и печурки им предлагаме интересен рецепт за похувани посни пирошки, кои ни ги испрати Невена. Овие посни пирошки се идеални за време на пости и одлично се вклопуваат на секоја трпеза.