Сè за Sütaş Ayran и сите придобивки кои ги нуди!

Ayran е традиционален турски пијалок, направен од јогурт, вода и сол. Токму по вековниот, традиционалниот рецепт, ние во Sütaş го подготвуваме нашиот Ayran. Кој пробал, тој знае дека Sütaş Ayran е природен и здрав пијалок, со идеален вкус  и конзистентност. Една чаша Sütaş Ayran на ден ќе направи едноставно да се чуствувате добро. 

Вода - Најздравиот пијалак кој помага при слабеење

Вода – најздравиот пијалак кој помага при слабеење

Веројатно сте пробале секакви диети. Но знаете ли дека најефективен начин на слабеење е ако значително го зголемите внесот на вода во организмот?  Истражувањата покажуваат дека секоја диета е далеку поефикасна, а килограмите значително побрзо се топат доколку го зголемите внесот на вода.

Рецепт за највкусното топло бело чоколадо

Топлото чоколадо е едно од најслатките зимски задоволства. Сите го обожаваат, а ако досега сме имале рецепт само за класичното домашно топло чоколадо, сега листата на рецепти е збогатена со нешто ново. Супер рецепт за топло бело чоколадо кое се прави за помалку од 10 минути.

чоколадо со вино

Топло чоколадо со црвено вино и шлаг

Сте пробале ли топло чоколадо со црвено вино? Тоа е пијалак кој мора да го пробате во овие ладни денови. Кој не сака чаша топло чоколадо? Или варено вино? Комбинацијата од овие две посакувани нешта е едноставно многу вкусна.

пијалок со јаболкова киселина за слабеење

Направете домашен пијалак со јаболкова киселина за детоксикација и слабеење

Во последно време повеќе расте интересот за јаболковата киселина и нејзината моќ да помогне за намалување на вишокот на килограми и да помогне во зачувувањето на здравјето. Употребата на јаболковата киселина за детоксикација и слабеење датира уште од древниот Египет. Научните студии покажуваат дека пијалакот со јаболкова киселина го забрзува метаболизмот, а со тоа полесно и побрзо се отстрануваат токсините. Нормалното функционирање на организмот пак, ги согорува мастите полесно и го намалува нивото на холестеролот во крвта.

пијалак против несоница

Природен напиток против несоница

Несоницата е проблем со кој се соочуваат голем број на лица. Недостатокот на сон сериозно влијае врз здравјето. Многумина користат лекови за несоница, кои понекогаш го олеснуваат овој проблем, но од друга страна може да доведат до други непосакувани последици. Затоа е најдобро да пронајдете природно решение за лесен сон.

напиток за слабеење со мед и цимет

Напиток од мед и цимет за слабеење

За лековитите својства на медот сигурно сите знаат, но за здравствените придобивки од консумацијата на цимет малку се знае. Циметот го подобрува тенот, го намалува холестеролот, го забрзува протокот на крв, сојузник е на срцето, стомакот, цревата, а што е најважно, тој е најдобриот зачин за топење на мастите во организмот и еден од наједноставните природни состојки кои помагаат за намалување на килограмите. Комбинацијата мед и цимет ветува лесно и брзо слабеење. 

бела сангрија

Бела сангрија со лимон и портокал

Ако правите приватна забава, чекате роденден или имате некоја друг повод за славење и ви треба лесен, освежителен и вкусен летен пијалак, ви предлагаме да направите бела сангрија. Фантастичната комбинација од свежо овошје и бело вино ќе го задоволи сечиј вкус, а вие сигурно ќе добиете пофалби за пренесувањето на вкусот на Шпанија на вашата забава.