брзи пикник погачки 1

Брзи пикник погачки – вкусни залчиња за целото семејство

„Нема месење, нема употреба на миксер! Меки, ровки и превкусни! – Целта ми беше да се што похранливи, а со помалку брашно, затоа што посветата на рецептот е за син ми кој има нешто повеќе од година и е мојата непресушна инспирација. Димитар ги обожава вкусните залчиња на мама, па ви гарантирам дека ќе ви се допаднат и вам. Пробајте ги моите брзи пикник погачки кои се одлични за целото семејство, и секако испратете ми ваши фотографии и впечатоци како ви се допаднаа!“ – срдечно препорачува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим. 

Безглутенски погачки со маслинки и оригано

Ако сте обожавател на здрава храна и разни рецепти кои се прават што поздраво, вашата колекција ќе стане побогата за уште еден рецепт за вкусни безглутенски погачки со маслинки и оригано.