Зелените листови на младиот лук решение против 3 тегоби

Зелените листови на младиот лук решение против 3 тегоби

Лукот е неизбежен предлог на алтернативната медицина од групата на домашни лекови. Од секогаш се сметало дека делува позитивно на здравјето на телото, внатрешно и надворешно. Освен што помага при настинки и за снижување на крвниот притисок, народните преданија кажуваат дека и зелените листови на младиот лук се многу корисни. Имаат и антивоспалителни својства, помагаат против габички, стрес и умор. Во продолжение проверете кои 3 здравствени тегоби младиот лук ги решава многу брзо.

4 причини зошто почесто да уживате во крцкавите ротквици 1

4 причини за почесто да уживате во крцкавите ротквици

Крцкавите ротквици освен што се вкусен зеленчук кој овозможува уживање на сите сетила, тие се и заштитници на телото. Добри се за варењето на храната, ја поддржуваат витката фигура и помагаат во заштита на организмот од бактерии и токсини.

Солен куглоф со зелје и семиња 1

Солен куглоф со зелје и семиња

Обожаватели сме на храната од природата и многу често е на нашето мени во разни варијанти. Во оваа прилика ви предлагаме солен куглоф со зелје и семиња, со нежен вкус и прилагоден на сите генерации, а составот е без глутен што е одлична вест за многумина. Подготовката не може да биде поедноставна , без миксер, брза и лесна!

пролетен оброк со јагоди 1

Совршен пролетен оброк во чаша

Пролетта е одлично време кога јагодите ги имаме во голема мера и со нив можеме да приготвуваме разни вкусни задоволства. Течните оброци се тренд, но и се лесен начин да внесеме поголема количина на хранливи материи на полесен начин и без да консумираме голема количина на храна. Па, имаме испробано вкусен и супер хранлив пролетен оброк со јагоди. Освежете се деновиве и уживајте во енергијата!

Млад кромид – поволен за видот, коските, крвниот шеќер

Незаменливиот зеленчук во многу јадења, вкусниот млад кромид влијае навистина поволно врз здравјето на човечкиот организам. Одлично е што се јаде целото растение, па овозможува гурманско уживање во зелените и коренестите делови кои се навистина сочни и свежи.

млад лук

Пролетниот млад лук е храна која се вклопува секаде

Пролетта е сезоната кога може да уживаме во пролетниот млад лук, кој има свежи зелени ливчиња и бело кревко тело, а најдобро е што може целосно да се јаде. Времето на младиот лук е кратко, па затоа уживајте што повеќе во неговиот вкус и придобивки пред да почне да формира чешниња и главици.