Сувите сливи се важна храна за здрави коски 1

Сувите сливи се важна храна за здрави коски

Во последно време на интернет кружи рецепт за чудесен лек против болки во грбот кој се состои само од суво овошје, па поистражувавме малку на таа тема. Во оваа прилика ви ги презентираме резултатите од научните истражувања за влијанието на сувото овошје врз здравјето на коските, со водечка улога на сувите сливи во целата таа приказна.

Џем од црни сливи 1

Џем од црни сливи со чоколадо приготвен во рерна

Еден од џемовите кој традиционално се припрема во нашите домови е џем од црни сливи. За негова подготовка најдобро е да се користат црни сливи кои се зрели и меки. Ние денес ви претставуваме еден малку поинаков рецепт за џем од црни сливи со чоколадо приготвен во рерна, а многу вкусен за целото семејство. 

Мешан мармалад без конзерванси

Мешан мармалад без конзерванси

Ако и вие како нашата уредничка Катерина сте љубители на домашна вкусна храна, подготвена од состојки по ваш избор, пробајте го нејзниот рецепт за мешан мармалад без конзерванси, кој беше објавен и во последниот број на списанието Добра Храна. За да звучи и да е уште подобро, ни го приготви со кафеав шеќер. Супер за целото семејство!

пекмез од сливи

Пекмез од сливи со цимет и рум – печен во рерна

Оние кои го пробале вака подготвениот џем од сливи со цимет и рум печен во рерна велат дека е дури и повкусен од традиционалниот, а и дека трае многу подолго. Најдоброто во овој рецепт е тоа што не ви се потребни конзерванси, туку само малку рум, цимет или ванила.

Брз мармалад од печени сливи во рерна 1

Брз мармалад од печени сливи во рерна

Овој лесен рецепт за брз мармалад од печени сливи му се допадна на секој кој слушна за него! Ние го практикуваме со години наназад, а разликата во последните години е што наместо со бел, го правиме со кафеав шеќер. Ем вкусно, ем многу поздраво.

3 рецепти за домашен џем од црни сливи 1

3 рецепти за домашен џем од црни сливи

Ако може да си направиме дома, нема подобро! Потребно е само да сакаме да издвоиме малку време и да се обезбедиме со нешто домашно и без конзерванси. Па, повелете 3 рецепти за домашен џем од црни сливи, читајте и одберете си нешто за да пробате.

Сливи - овошје кое крие ризница од здравствени придобивки 1

Сливи – овошје кое крие ризница од здравствени придобивки

Се чини дека сливата и денес е малку запоставено овошје, а содржи вистинска ризница од здравствени придобивки. Модрите сливи, жолтите, мали или големи, сите тие се одлични за здравјето!

3 намирници кои го регенерираат ткивото на половината и зглобовите 1

3 намирници кои го регенерираат ткивото на половината и зглобовите

Алтернативните методи на лечење често пати даваат многу добри резултати, а исто така помагаат и во превенција на повеќе заболувања. Сите кои патат од болки во половината и зглобовите, во грбот, треба да знаат дека има природна помош која е лесно достапна и може да ја искористат. Скоро бесплатно, а ефективно!

Домашно слатко од сливи 1

Домашно слатко од сливи

Овој е посебен рецепт за домашно слатко од сливи, а знаете ли зошто? Не ви е потребно специфичното варење во варова вода, а наместо тоа можете да го приготвите со помош на сода бикарбона. Лесно за изведба во домашни услови!

Џем од сливи со цимет и рум 1

Џем од сливи со цимет и рум

Класика, но со нови фини ноти. Овој пат со доза егзотика! Можете ли да замислите ароматично доживување кое ги радува вкусните папили во устата? Толку е вкусен вака припремениот џем од сливи со цимет и рум. Мирис кој ќе го посакувате секое утро!

Компот од црни сливи и цимет 1

Компот од црни сливи и цимет

Ароматичен и сосем едноставен, а што е одлично и проверен рецепт! Нашата пријателка Лана ни кажа дека овој рецепт за припрема на компот од црни сливи и цимет го обожава, па како омилен го прави секоја година.

џем од црни сливи

3 традиционални рецепти за џем и компот од модри сливи

За црните сливи се вели дека се вистински природни мултивитамини кои го штитат здравјето и го подобруваат варењето на храната. А компотот, мармаладот и џемот од црни сливи се едни од навкусните. Затоа ви предлагаме 3 испробани рецепти за џем и компот од црни сливи без конзерванси.