Спречете уринарни инфекции! 7 совети од Д-р Нела Деспотовска!

Уринарните инфекции знаат да бидат непријатни и тоа како! А, кој сака непријатност? – Сите копнееме по лагодност и уживање и едвај чекаме „сите коцки да се состават“ и максимално да уживаме во времето кое го издвојуваме за себе. Дома или некаде на одмор, ако имате или некогаш сте имале уринарна инфекција, сигурно ви е позната непријатноста која ја предизвикува. Летото е период кога ризикот од уринарни инфекции е поголем. Ако имавте проблем, тука можеби ќе го најдете своето решение. За да останете здрави и да спречите уринарни инфекции, прочитајте ги нашите 7 корисни совети!

Превенцијата и препознавање на уринарните инфекции спречува последици

Под поимот, инфекција на уринарниот тракт може да се мисли на инфекција во кој било дел од уринарниот систем и тоа бубрезите, мочните канали, мочниот меур или т.н. мочна цевка, уретрата. Но, најчесто, повеќето инфекции се појавуват на долниот дел од уринарниот тракт – мочниот меур и уретрата. Постојат повеќе причини зошто мора да се внимава и како да го зачувате нормалното и лесно функционирање на овој систем. Во овој текст, благодарение на Д-р Нела Деспотовска, ве советуваме што е важно за препознавање на уринарните инфекции и како да се справите со нив.

д-маноза

Д-маноза – природно решение за повторувачки уринарни инфекции

Уринарните инфекции можат да предизвикаат голем проблем, особено ако често се повторуваат. Скоро непозната кај нас, Д-маноза е број 1 природно решение кое се користи при третман на повторувачки урнинарни инфекции ширум светот. Што е Д-маноза и како се користи ви откриваме во понатамошниот текст. 

уринарни инфекции

Д-р Нела Деспотовска советува: Уринарните инфекции се честа појава во летниот период

Семејни излети, зачестени прошетки со пријателите во природа, посета на туристички места, разладување во базени… сите овие забавни активности се знак дека дошло и летото. Но, друг знак на летото се непријатните уринарни инфекции, па токму на оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска.

Направете природен лек кој помага при уринарни инфекции

Ако некогаш сте имале инфекција на уринараниот тракт, тогаш сигурно знаете како е болно и непријатно. Постојано имате чувство да одите во тоалет, а мокрењето е многу болно. Но, за среќа постојат природни решенија кои се многу ефикасни при уринарни инфекции.