работилница во Коле Канински

Сѐ за храна одржа едукативна работилница во ООУ „Коле Канински“ Битола

Традиционално и во знак на убавата долгогодишна соработка, а по повод Светскиот ден на храната, ЗЕК Сѐ за храна одржа едукативна и интерактивна работилница во училиштето Коле Канински во Битола. Во текот на работилницата, учениците имаа можност да научат повеќе за исхраната – протеините, јагленохидратите, мастите, витамините и минералите, да се запознаат со нивните дневни потреби и да научат како треба да изгледа еден комплетен оброк. 

7 начини да го зголемите вниманието на детето на училиште

Не постои родител кој не посакува детето да му биде одличен ученик. Но, понекогаш е вистински предизвик да се натера детето да учи. Колку и да вложуваме напори, често пати не успеваме доволно да ги мотивираме децата. За да ви помогнеме ви откриваме неколку стратегии како да го зголемите вниманието на детето на училиште и да му помогнете да постигне подобар успех.

Уредниците на Сѐ за храна одржаа предавање 1

Уредниците на Сѐ за храна одржаа предавање на тема: Спортуваме и компјутерски се надоградуваме

Денешниот стил на живот наметнува многу седечки задачи и работни обрврски, а скоро секој од нас тоа го пренесува и во рекреативните активности. Така, наместо децата да играат на улица играат на мобилни и таблети, а скоро сите активности на денешниот млад и возрасен човек се поврзани со седење. Со цел децата да се оттргнат од постојаното седење на компјутер, мобилен телефон или таблет и повеќе да спортуваат, во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола се одржа едукативно предавање на тема „Спортуваме и компјутерски се надоградуваме“.