мраморен куглоф со портокал

Мраморен куглоф со портокал

Постојат многу рецепти, но секогаш со задоволство се навраќаме на традиционалните и најубави вкусови од детството. Таков е и овој рецепт за мраморниот, шарен куглоф со портокал. Кој може да одолее на чаша топло кафе и домашен колач со арома на портокал и чоколадо? Прифати го кулинарскиот предизвик и приготви го овој колач. Сочен и вкусен, сладок украс на сечија трпеза. Може да го декорираш по желба со шеќер во прав, овошје, гранчиња рузмарин и да ја збогатиш трпезата за слава, именден, или едноставно направи го за викенд засладување. 

Мраморен колач

Мраморен колач

Колачот во форма на куглоф обично се прави за празници, но всушност е идеален десерт за секој ден. Се подготвува брзо и лесно, па е идеален за сите пригоди. Рецептот за овој мраморен колач го најдовме на блогот на нашата пријателка Андреја, па со задоволство го споделуваме со вас.