смути за слабеење со банана и јагоди

Пролетно смути за слабеење со банани и јагоди

Спремен си за ладно уживање? Намали ги килограмите, имај енергија и заслади се со нашиот нов рецепт за пролетно смути за слабеење! Фантастичната комбинација од банана, јагоди и ленено масло ќе ти помогне за намалување на килограмите, ќе ти даде ситост и енергија за преку целиот ден. 

Од кујната на Катерина Ш. Спасеновска: Милкшејк од банана и јагоди за 5 минути

Природно, домашно и превкусно! Совршенство во чаша само за 5 минути! Ако си за неодоливо вкусен милкшејк од банана и јагоди ти препорачувам да пробаш во првата прилика! Ти нудам избор да го прочиташ рецептот или да го погледнеш на видеото тука!- вели Катерина Шамбевска Спасеновска  уредник и фудблогер од нашиот тим. 

Готвиме со Марија Кочовска: 3 десерти со јагоди

Готвиме со Марија Кочовска: 3 десерти со јагоди

Пролетта не радува со многу убавини! Таа ни ги донесе  свежите овошја кои што со нетрпение ги очекувавме веќе неколку месеци. А сезоната на јагодите е многу кратка и токму сега е вистинското време да ги искористите максимално. Денес ви издвојуваме 3 вкусни десерти со јагоди кои ги направи Марија од нашиот тим. Освежителни и идеални за топлите денови!

Брза овошна торта со јагоди без печење

Овошна торта со јагоди без печење, што може да биде подобро? Топлите денови со совршени за десерт кој ќе ве освежи и заблажи во исто време! Во оваа прилика ви откриваме супер брз рецепт за торта без печење која ја направи Марија Кочовска од нашиот тим.

вода со овошје 1

5 освежителни напитоци со овошје

Се разбира, во пролет и лето пиеме повеќе вода поради повисоките температури. Но, понекогаш сите знаеме да си направиме лимонада или пак друг освежителен пијалак со вода и разни овошја. Во топлите денови сакате да се освежите и разладите? – Пробајте еден од овие напитоци со овошје.

Сладолед торта – чоколаден мус со јагоди

„Идеален летен сладок хит! Ова е највкусната сладолед торта која треба да ја пробате ова лето! Фантастично изгледа, а вкусот со три чоколада и јагоди ќе ве освои на прв залак. Мус и сладолед во совршена комбинација за љубителите на убави десерти.

Чоколадна панакота со 5 состојки

Богата, кремаста и вкусна чоколадна панакота направена само со 5 состојки! Совршен лесен десерт кој е добре дојден во секое време. За да уживате во богатиот вкус и нежната текстура, потребно е да издвоите само 15-тина минути од вашето време.

наполеон колачи со лиснато тесто

Наполеон колачи со лиснато тесто и јагоди

Веќе е сезона на јагодите, па еве еден убав предлог за пролетен десерт кој веруваме дека ќе ве освои. Вкусните наполеон колачи со лиснато тесто и јагоди се елегантни и супер сочни, па сигурно ќе ги импресионираат вашите пријатели и семејство. Слоеви лиснато тесто, вкусен ванила крем и свежи исечени јагоди, наросени со шеќер во прав е она што го прави овој десерт фантастичен!

чоколадно фонду

Како да направите совршенo чоколаднo фонду?

Летото е совршена можност за да уживате во „чоколадна фонтана“ подготвена во вашиот дом. Сѐ што ви е потребно е совршено чоколадно фонду и сезонско овошје како јагоди, банани, грозје, киви или било кое друго по желба. Чоколадното фонду може да го користите и за глазирање на колачиња, манчмелоу и оризови галети. Уживањето е гарантирано.

Кремаста панакота со јагоди

Популарна ширум светот и обожавана во нашата земја! За време на велигденските празници направете ја највкусната панакота со јагоди. Кремаста, сочна, со богата арома на ванила и јагода која ќе го освои сечиј вкус.

Италијанска пита – кростата со џем од јагоди

Кој може да одолее на вкусна, крцкава и ароматична пита со џем од јагоди? Кростатата е наша омилена италијанска слатка пита. Имавме можност да ја дегустираме при патување во Италија, а бидејќи ни се допадна многу, се потрудивме да најдеме испробан италијански рецепт за ова слатко ремек дело. Ако имате малку време, не двоумете се и пробајте ја популарната кростата со џем од јагоди.  

чоколадни мафини со џем од јагоди

Чоколадни мафини со џем од јагода

Чоколадо и јагода! Омилена комбинација за сечиј вкус. А кој може да одолее на чоколадни мафини со џем од јагода? – Вкусни, сочни, омилени на сите! Кога еднаш ќе го пробате овој рецепт за мафини, ќе ги правите постојано.

Смуди од лубеница за слабеење и топ форма 1

Смуди од лубеница за слабеење и топ форма

Лубеницата не е само освежувачка и вкусна, туку е и храна што содржи мал број на калории, а изобилува со витамини, особено А и Ц. Таа исто така содржи ликопен за кој некои студии тврдат дека има анти канцер ефект, особено врз органите на дигестивниот систем. Па, ајде да ја искористиме сезоната на лубеници која сега е во полн ек и ова лето здраво да слабееме и разладуваме со ова вкусно смуди од лубеница за слабеење.

Брза посна торта со афион и мармалад од јагоди 1

Брза посна торта со афион и мармалад од јагоди

Брза и лесна, за мерак! Многу добро ни ја опиша Катерина М. – „Убава, мека и сочна торта која може да ви се најде за време на постот.“ Ние и веруваме, затоа што имаме испробано многу нејзини рецепти, па ви ја предлагаме и оваа брза посна торта со афион и мармалад.

Чиа пудинг со јагоди во чаша 1

Чиа пудинг со јагоди во чаша

Катерина од нашиот тим вели: „Вкусна радост во чаша! Време е за чиа пудинг со јагоди! Ова е мојот најнов освежителен специјалитет кој ја обележа пролетта моите сакани и еден од рецептите кои се објавени во најновиот број на списанието Добра храна! Уживање за сите сетила и енергија за телото без шеќер, без глутен и без лактоза. Звучи неверојатно нели? – Баш таков е, идеално добар! Ако сте љубителите на здравиот животен стил, ова е оброк за појадок или десерт за вас. Од предложената доза ќе добиете 2 порции.“