Хомер во познатата Илијада, споменува дека легендарниот воин Ахил користел ајдучка трева (Achillea millefolium) за лекување на раните на неговата војска. Индијанците ја користеле за лекување на крварења, рани и инфекции, а според Ајуверда и Кинеската медицина, ајдучката трева позитивно влијае врз работата на слезината, црниот дроб, бубрезите и уринарниот тракт.