„Сезаоната на зимниците се наближува. Ви споделувам 3 испробани рецепти за зимница со домати – лесни, вкусни и без конзерванси! Направете ги и пробајте ги, а ако имате прашања за подготовката, следете ме и пишете ми на Instagram или Facebook, каде што може да разгледате повеќе рецепти. “ – вели Марија Кочовска од нашиот тим.
Лутиче – домашен доматен сос без конзерванси
„Ги обожавам традиционалните рецепти од тефтерите на моите најблиски! Со задоволство споделувам уште еден семеен рецепт со долгогодишна традиција. Во оваа прилика тоа е рецепт за лутиче – домашен доматен сос без конзерванси од вкусната ризницата на свекрва ми. Дома го обожаваме сите, веќе неколку години го правам и јас, топло го препорачувам!“ – споделува Катерина од нашиот тим, која го направи и слика вкусното лутиче.
Медитерански посни брускети со домати
„Време е за нов летен рецепт кој верувам дека ќе ве освои! Освежителни, крцкави и превкусни брускети со домати, за мезе, лесен појадок или вечера. Инспирација за подготовка на брускетите ми беше новиот балсамико крем од Витаминка, за кој направивме мало истражување и објавивме текст пред неколку денови: Кои се разликите помеѓу балсамико крем и балсамико оцет? Како се употребуваат?
Шпагети со сос од црни домати
Пелати – домати во тегла
Медитерански доматен сос во тегли
Летна салата со пченка
Летото е создадено за брзи и лесни салати кои може да се служат како прилог со главното јадење, но и како комплетен оброк за појадок или вечера. За денес споделуваме една лесна, летна салата со пченка. Се подготвува брзо и нема да ви одземе многу време во кујна, па ќе имате повеќе време за дружба со вашите најблиски и игра со децата, без грижа на совест дека нема да имате здрав оброк за нив.
Посна фокача со маслинки, чери домати и рузмарин
Вкусно за целото семејство! Супер лесен и брз рецепт за популарната италијанска фокача, овој пат во посна варијанта со нашето омилено маслиново масло. Па, доколку сте љубители на медитеранската кујна, вие сте на вистинското место. Подгответе ја нашата посна фокача со маслинки, домати и рузмарин и за миг отпатувајте на некоја песочна плажа со вашите најмили. Ова е вкус кој освојува!
Реден рататуј од сезонски зеленчук
Освежителен вкус кој потсетува на лето. Доколку сѐ уште немате пробано реден рататуј со зеленчук, ова лето ви предлагаме да го подготвите и да му приредите вистинска гозба на вашето семејство. Изобилува со сезонски зеленчук, па совршен е за сите оние кои внимаваат на својата линија. А во комбинација со маслиновото масло ова јадење е совршен и комплетно избалансиран вегетаријански оброк.
Свински гулаш со пиво
Гурмански специјалитет, со долга традиција на нашите простори! Постојат многу рецепти за подготовка на свинско месо, а едно од омилените јадења е гулашот. Речиси секоја домаќинка има свој начин на кој го подготвува, а секој нов рецепт е добредојден и нуди можност за ново кулинарско дегустирање. Овие денови пригответе го интересниот рецепт за свински гулаш со пиво. Подготвено на овој начин месото е сочно, вкусно, меко и се топи во уста. Дефинитивно вреди да се проба!
Запечени тиквички со домати
Доколку немате многу време за готвење, а сакате да му понудите на семејството нешто здраво и сезонско, веднаш запишете го рецептот за запечени тиквички со домати! Вкусот на ова јадење е свеж и лесен, па може да го комбинирате и со месо. Доволно е и ако се сервира како самостоен вегетаријански ручек. Како и да го послужите, веруваме дека ќе уживате.
Рустична пита со домати
Овој пат од кујната на креативната Лана ни доаѓа еден интересен и вкусен рецепт за рустична пита со домати. Всушност оваа пита се прави со класично тесто за пица во комбинација со фил од домати и бешамел сос. Многу е вкусна и лесна за подготовка, па доколку не сте одлучиле што ќе подготвите денес за вечера или утре за појадок, еве ви една супер идеја.