Манџата во македонската кујна е традиција и честа на трпезите. Компир манџа, грашок манџа, боранија… Овој пат споделуваме рецепт за грашок манџа со свинско месо.
Лесен рецепт за рижото со пилешко месо и грашок
Кремасто, ароматично и превкусно! Тоа е она што го прави италијанското рижото омилено јадење на многумина. Скоро секој италијански град има свој традиционален рецепт за подготовка на овој специјалитет. Може да се направи со зеленчук, печурки и разни зачини, а ние ви предлагаме да пробате рижото со пилешко месо и грашок. Нема да ви одземе многу време, а сигурни сме дека ќе им се допадне на сите!
Посен велигденски рецепт – „Потковици“ во зелен сос
Готвиме и се забавуваме заедно! Ги правиме најдобрите рецепти, разговараме во живо и ги наградуваме најсреќните. Имаме 15 минути за презентација на убави јадења и размена на кулинарски искуства. Во втората емисија на кулинарското Ig Live шоу – 15 минути, @kocovska.marija и @katerina.shambevska ни приготви ја превкусен крцкав ослич и го сервираа со пире од грашок.
Како да подготвите замрзнат грашок? – Совети и брз рецепт
Ако му се допадне на Петар, ќе му се допадне на секој! Грашокот приготвен на овој начин ќе го одобри и познатиот сладок гурман, а веруваме и сите останати! Симпатичното дете кое ја насмеа цела Македонија ни беше инспирација за да подготвиме супер брз и кремаст грашок за сите генерации. Може да го послужите како гарнир или да го додадете во салата.
Лесен рецепт за ќофтиња од пилешко месо и грашок
„Брзо, едноставно и вкусно! Овие ќофтиња од пилешко месо и грашок вреди да се најдат на вашето мени. Ако сакате да го воодушевите семејството со некое ново јадење, пробајте ги овие ќофтиња! Подготовката е многу лесна, а вкусот многу добар, па верувам дека веднаш ќе ве освојат! – препорачува Катерина од нашиот тим.
Компир манџа со колбаси
Мирисот на компир манџа со колбаси секогаш нѐ враќа во детсвото. Затоа споделуваме традиционален рецепт за манџа каква што ни подготвуваа нашите мајки. Ако и вас ве фати носталгија за тие убави времиња, кога низ целиот дом се ширеше убав мирис, набавете си квалитетни намирници и оваа зима стоплете се со домашно подготвена манџа богата со здрави зеленчуци.
Посни тестенини со брокула и грашок
Лесно, брзо и вкусно, па уште и посно! Совршен рецепт за време на пости или кога сакате да зготвите нешто брзо, а богато со здрави зеленчуци за вас и вашето семејство. Овие посни тестенини со брокула и грашок се совршени за ручек или лесна вечера, а ќе им се допаднат на сите, од најмали до најстари!