чај од цимет 1

Чај од цимет за болно грло

Оваа зима постојано изненадува со наглите температурни промени. Промената на времето помага за полесно ширење и преживување на бактериите и вирусите кои предизвикуваат настинки и грип. Ако овие денови ве боли грлото, пробајте го овој чај од цимет. Ќе ви биде од голема помош и ќе ви ги олесни болките во грлото.

pumpkin spice 1

Нов зимски тренд: „Pumpkin spice“ – мешавина од зачини за тиква

Време е за нешто ново, да дознаеме и откриеме нов вкус! Сте пробале ли до сега „pumpkin spice“ зачин? Можете ли да претпоставите за каква мешавина станува збор? – Тоа е зачин кој е составен од цимет, морско оревче, ѓумбир и каранфилче. Особено е интересен за есенскиот и зимскиот период. Ќе ви го направи посебно уживањето во зимските десерти и рецептите со тиква.

замена за кафе 1

4 напитоци кои се здрава замена за кафе

Зголемен крвен притисок, проблеми со желудник, силно чукање на срцето, несоница, панични напади… Најпопуларниот напиток на светот – кафето не секогаш влијае поволно и не секому е од корист. За среќа, постојат здрави и вкусни алтернативи како замена за кафе кои ќе ги засакате.

ѓумбир во прав 1

Здраво слабеење со чај од ѓумбир во прав

Се прашувате која е тајната на здравото слабеење? – Само еден зачин е доволен и вашата победа над килограмите може да започне. Направете си чај од ѓумбир во прав, користете го ѓумбирот за зачинување на храната или употребете го во домашни напитоци за слабеење. Телото ќе ви биде благодарно!

7 решенија против синуситис – воспаление на синусите

Ако страдате од главоболка, затнат нос или имате чувство на тежина во главата, тогаш најверојатно станува збор за воспаление на синусите. Синуситисот е непријатна здравствена состојба, за која постојат голем број на алтернативни начини кои помагаат за намалување на симптомите. Во текстот ќе прочитате 7 решенија против синуситис кои ги издвоивме.

куркума зимски зачини со лековита моќ 1

3 зимски зачини со лековита моќ

Зачините не само што им даваат убав вкус и арома на празничните јадења во зима, туку многу од нив имаат лековити својства и го подобруваат здравјето. Дознајте кои популарни зимски зачини со лековита моќ се баш препорачливи во зима. Подолу ќе прочитате за што се истите може да ви помогнат, па деновиве најдете им примена во поголеми количини и уживајте ги нивните корисни својства.  

Детокс сок од краставица и ѓумбир 1

Детокс сок од краставица и ѓумбир

Пролетта е како створена за детокс третмани. Детоксикацијата му помага на телото да се ослободи од сите штетни материи. Па, ајде да се подготвиме за летото со помош на овој вкусен и здрав детокс сок од краставица и ѓумбир.

Велигденски ѓумбир колачи 1

Велигденски ѓумбир колачи

Овој рецепт го испробавме со мерак, а е споделен од драг пријател на кој во оваа прилика се заблагодаруваме. Во пресрет на еден од најзначајните христијански празници, ви предлагаме да си направите велигденски ѓумбир колачи во форма на јајце или зајаче. Поканете ги и помалите членови на семејството и уживајте во подготовката.

чаеви против артритис

4 билни чаеви кои помагаат при артритис

Ако вкочанетоста и болките во зглобовите ви го отежнуваат секојдневието, побарајте помош во билните чаеви кои помагаат при артритис и може значително да ги ублажат тегобите. Д-р Махса Техрани – реуматолог, заболените од артритис ги советува секојдневно да консумираат чаеви како ѓумбир, шипка, зелен чај и коприва.

astaksantin 1

4 намирници за силен имунитет

Храната може да биде и отров и лек. Од неа во голема мера зависи целокупното наше здравје. Со нејзина помош може во значителна мера да го подобриме нашиот имунитет и да се одбраниме од разни патогени бактерии, вируси, габи и токсични агенси. Во продолжение дознајте со кои намирници може да да си обезбедите силен имунитет и оваа зима да уживате без здодевните грипови и настинки.

2 лековити чаеви кои ја подобруват циркулацијата на крвта 1

2 лековити чаеви кои ја подобруват циркулацијата на крвта

Лошата циркулација е чест проблем со кој се соочуваат многу луѓе ширум светот. Иако, на прв поглед оваа состојба не ја сфаќаме како нешто сериозно, таа е предуслов за целокупното наше здравје. Всушност и здравјето на срцето зависи од добрата циркулација. Кога таа е нарушена, се појавуваат отоци и проширени вени, згрутчување на крвта и други сериозни здравствени проблеми. За среќа, природата ни дава многу решенија за овој проблем. Па така, има многу чаеви кои ја подобруваат циркулацијата на крвта, а ние денес за вас ги издвоивме чаевите од рузмарин и ѓумбир.

Третман со ѓумбир против првут и забрзување на растот на косата

Третман со ѓумбир против првут и забрзување на растот на косата  

Доколку имате проблеми со скалпот или со првут, овој маслен третман со ѓумбир може навистина да ви помогне. Покрај тоа што позитивно делува против првутот, истовремено го забрзува процесот на растење на косата и го зајакнува влакното.

9 најефикасни народни лекови против бронхитис 1

9 најефикасни народни лекови против бронхитис

Бронхитисот е многу непријатна и прилично сериозна здравствена состојба која настанува после воспаление на бронхијалната туба во градниот кош. Постојат два видови на бронхитис, хроничен и акутен, а денес ви откриваме некои од најефикасните народни лекови против бронхитис воопшто, кои се ефикасни и во двата случаеви.

Ефективен природен лек од Амишите за превенција и лечење на 8 болести 1

Ефективен природен лек од Амишите за превенција и лечење на 8 болести

Амишите се познати по нивниот традиционален начин на живот, едноставност и на некој начин, зачувување на старинските навики на животен стил. Претежно се насочени кон поголеми семејства и нивно формирање со припадници од нивната категорија и поддржани од амишката црква. Преферираат сопствено произведување на храна и работа која подразбира избегнување на технологијата и разните електронски уреди. Со оглед на сите спомнати факти, тие се водат од природното, па во оваа прилика ви споделуваме нивни рецепт за ефективен природен лек од Амишите кој помага во превенција и лечење на најмалку 8 болести.

8 зачини кои го забрзуваат метаболизмот

8 зачини кои го забрзуваат метаболизмот

Имате бавен метаболизам и барате решение? Вие сте на вистинското место. Во исхраната вклучете ги овие 8 зачини кои го забрзуваат метаболизмот. Па, наместо да пиете различни таблети, потрудете се да ги користите лековитите својства на зачините кои ни ги нуди природата. Зачините не само што го збогатуваат вкусот на храната, туку даваат и бројни здравствени придобивки. Секогаш кога припремате јадење, одбегнувајте ги готовите мешани зачини кои изобилуваат со адитиви и засилувачи на вкус. Наместо по нив, посегнете по свежите или суви природни зачини, кои на многу начини можат да допринесат за подобро здравје.