Дали знаете како се добива и кои се придобивките на ова масло? Маслото од кантарион (Oleum hyperici) e доста познато и се добива со преливање на свежи цветови на кантарионот со маслиново масло. Кантарионово масло може да се користи и за надворешна употреба и за јадење. Ја штити кожата од воспалениe, ја хидрира сувата и испукана кожа, а може да се употребува и за масажа бидејќи ја подобрува циркулацијата.
3 комбинации со мед со ореви против анемија, висок притисок и чир на желудникот
Сигурно сте слушнале за големите придобивки од консумацијата на мед, но комбинацијата со ореви е прав избор за здравјето. Оревите изобилуваат со хранливи состојки, а заедно со медот се добива енергетска „бомба“ која често се користи како народен лек при анемија, покачен крвен притисок и чир на желудникот. Па, во комбинација, овие две намирници го снабдуваат организмот со речиси сите потребни витамини и минерали. Затоа, народот со векови ги употребува во народната медицина за правење на многу домашни лекови од мед со ореви.
Здравје во тегла! – Природниот мед е единствена нерасиплива храна!
Природниот мед е познат и претставува единствена нерасиплива храна, која со тек на времето може само го менува обликот и од течна да премине во кристална форма, но не и да се расипи! Оваа одлика која е карактеристична само за медот, на уникатен начин ја истакнува неговата вредност и потврдува зошто оваа вкусна и здрава намирница била употребувана како природен засладувач уште во праисторијата, долго пред шеќерот да стане широко достапен во XVI-тиот век.
Моќното црно семе е природен „лек“ за најтешките заболувања
Црното семе е едно од најлековитите растенија во светот, а како лек се користи уште 2-3 илјади години пред Новата ера. Ова семе штити од мозочен удар, ги зајакнува крвните садови и заштитува од разни воспалителни процеси. Во продолжение дознајте повеќе за лековитите својства на моќното црно семе, како и за маслото кое се добива од него.
10 намирници кои се ефикасен „лек“ за крвните садови
Денес, најголем број од болните лица во светот припаѓаат на групата со кардиоваскуларни болести, а тоа се должи на широк дијапазон на фактори. Еден важен од нив е неправилната исхрана. Токму затоа и колку да изгледа познато и јасно, ќе посветиме малку време на темата и ќе ви прикажеме кои намирници се ефикасен „лек“ за крвните садови и може да помогнат во спречувањето посериозните заболувања.
5 oдлични ефекти од вкусната диња за организмот!
Зелените листови на младиот лук решение против 3 тегоби
Лукот е неизбежен предлог на алтернативната медицина од групата на домашни лекови. Од секогаш се сметало дека делува позитивно на здравјето на телото, внатрешно и надворешно. Освен што помага при настинки и за снижување на крвниот притисок, народните преданија кажуваат дека и зелените листови на младиот лук се многу корисни. Имаат и антивоспалителни својства, помагаат против габички, стрес и умор. Во продолжение проверете кои 3 здравствени тегоби младиот лук ги решава многу брзо.
5 зачини кои се храна и лек
Храната повкусна, а телото поздраво! Не секогаш мора да се грижиме за здравјето на конвенционален начин. Да се потрудиме повеќе околу превенирање на заболувањата, отколку на лекување на болестите. Истражувавме и издвоивме 5 зачини кои се храна и лек, па е добро постојано да ги имате во својата кујна!
Домашен лек против кашлица од ловоров лист
3 најчитани „направи сам“ содржини во 2018-та година
Категоријата „направи сам“ е една од поинтересните предизвици за нас! Ни пружа можност со вас да споделуваме домашни и природни лекови, народна помош, трикови и разни декорации за домот, разни нешта кои може да ги направите сами за себе и за своите сакани, наместо да ги набавуваме готови или да ги нарачуваме од други луѓе. Така, во овој текст ги издвоивме трите најчитани „направи сам“ содржини во 2018-та година, од сите кои ги споделивме во текот на изминатата година.
3 најчитани содржини посветени на здравјето во 2018-та година
7 лековити својства на моќниот шафран
Rhodiola – „златен корен“ како природна помош при стрес
Денес, стресот е една од најприсутните причини за лошо здравје. Хроничниот стрес енергетски го исцрпува организмот, предизвикува низа промени. Листата е долга – во хормоналната рамнотежа, ја намалува физичката сила и менталната способност, доведува до емоционална нестабилност, депресија, несоница, растревоженост, слаб имунитет, срцева аритмија, сексуална дисфункција, предвремено стареење, како и до експлозија на хронични болести, инфекции и карцином. А ако барате природен начин да се спротиставите на стресот, вие сте на вистинското место. Во оваа прилика ве запознаваме со Rhodiola, кој е позната како златен корен кој помага против стрес.
Корисни препораки за примена на содата бикарбона во разни ситуации
Сода бикарбона без алуминиум – лесно достапен народен лек
Содата бикарбона со право е наречена „медицинско чудо“, поради многу причини! Нема човек кој не слушнал за неа, зашто има многу употреби и голем број на корисни и здравствени придобивки. А, во денешно време e одлично што може да си набавиме сода бикарбона без алуминиум! Таа е лесно достапна и во народната медицина е добро позната како природен лек.